18:17 - 11 ноември, 2026

Се споија Сузана Гавазова и „Балкан Бенд“: Ова е нивниот заеднички проект! (ВИДЕО)

Доколку се вложат голем труд, енергија и финансии, тогаш и кај нас може да се понуди квалитетен музички производ, квалитет и во звук и во видео продукција.

Во овој случај станува збор за проектот што по повод празниците го снимија Балкан Бенд и Сузана Гавазова, заедно со пријателите.

Имено, тие неодамна заедно со саксофонистот Јане Рафаиловски, добро познатиот Џамбо Агушев (труба), Хилми Баки (виолина) и човекот кој што важи за крал на својот инструмент, светски познатиот Амза Таиров (клавијатура) поставија нови стандарди во работата на нашата естрада преку музичкото шоу кое слободно може да го сместиме во ретките, ако не и единственото вакво нешто кое во последниве години сме имале можност да го гледаме кај нас.

Фото: Промо

Во музичкото шоу насловено „Балкан Бенд, Сузана Гавазова, Јане Рафаиловски и пријателите“,премиерно емитувано на Канал 5 телевизија, опфатени беа песни од сите жанрови, за секој да може да ужива во она што сака да го слуша. Снимено е во продукција „Скендеровски“, а за звукот задолжен беше тимот од студиото „Анастасија“.

Во меѓувреме, иницијаторите на сето ова, популарните Балкан Бенд и Сузана Гавазова, веќе најавуваат и нови слични проекти, но и заеднички соработки за песни, додека пак момците од Балкан Бенд  своја песна и спот најавија во Март, а во Септември и мега промоција на албумот на кој внимателно се работи веќе подолго време. Гавазова пак, која во моментов е актуелна со хитот „Бум Бум“, наскоро ја очекуваме со нови изненадувања за својата публика.

Денешниот празничен ден уживајте со дел од видеата кои веќе се вртат по социјалните мрежи:

Слични објави

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо

(Фото) Бресквица сподели романтични кадри со партнерот од Дубаи – пејачката блеска на ноќно излегување

Еспресо

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.
Се вчитува....