03:39 - 2 април, 2025

Две години по самоубиството, се огласи мајката на Авичи! (ФОТО)

Тим Берглинг, познат како Диџеј Авичи беше шведски музичар, продуцент и диџеј кој на 20 април 2018 година изврши самоубиство.

Имаше само 28 години, а позади себе остави мајка, татко, брат и поголемо семејство.

За неговата мајка, познатата шведска актерка Анки Лиден (73), која глумеше во повеќе од 50 фимови, тоа бил најтешкиот момент во нејзиниот живот.

По две години и многу размислување, таа одлучила да прозбори во интервју за шведските медиуми за својот живот, тагата и хуманитарната фондација.

 

View this post on Instagram

 

Tim with his mother. #avicii #ankiliden #timberglingfoundation #klasbergling #fadeintodarkness

A post shared by ???? ????????? (@_timavicii_) on


Зборувајќи за самоубиството на својот син, таа кажала следно:

– Беше трауматично. Бев шокирана од тоа што го доживеав. Беше и турбулентно, бидејќи многу работи се по неговата смрт – започнала таа.

– Многу фантастични луѓе ја поделија тагата со мене. Чуствував љубов која му ја пружале на Тим, писма пристигнуваа од целиот свет во кои пишуваше колку тој им значел – рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ???? ????????? (@_timavicii_) on

–  Постои живот пред и после Тим. И понатаму не можам да ја слушам неговата музика, бидејќи одма плачам – изјавила Анки.

Инаку оваа зима, неговата мајка ја скршила ногата во својот апартман.

– Не можев да се потпрам на едната нога цели шест недели – рекла Анки.

Потоа дошла пандемијата на коронавирусот. Анки и нејзиниот сопруг Клас, таткото на Тим не смееа да излезат никаде, ниту да се сретнат со други луѓе.

–  Не гледаме многу луѓе. Мојот друг син Антон разговара со мене секој ден на Фејстајм, додека ги држи внуците во скут. Тоа е многу убаво – рекла таа.

Слични објави

(Фото) Тројна среќа: Горан Папаз сподели преслатка слика со трите близнаци!

Еспресо

Тајната е откриена: Колкава алиментација плаќал Драган Којиќ Кеба?

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се соблече во бикини: Пејачката ги „искара“ луѓето на плажа!

Еспресо

(Фото) Наташа Беквалац на тренинг: Еве како пејачката ја доведува линијата до совршенство

Еспресо

(Фото) Вака Дара Бубамара ја „киднапираше“ песната од евровизиската претставничка на Кипар: На површина испливаа детали!

Еспресо

Љубовницата на Бекам со шокантна исповед: Не бев единствената со која ја изневери Викторија

Еспресо
Се вчитува....