2.8 C
Скопје
05:34 - 25 март, 2026

СЕ ОГЛАСИ ДУШКО ТОШИЌ, СОПРУГОТ НА КАРЛЕУША: Јас сум господин, а не насилник! Ќе ги игнорирам измислиците и ќе чекам ветрот против мене да помине!

По кавгата и наводната шлаканица во домот на Карлеуша-Тошиќ, се огласи сопругот на популарната пејачка.

– Почитувани следбеници, пријатели и припадници на медиумите. Обично не сакам да се обраќам по овој пат, зашто сметам дека моето име, лик и дело треба да бидат поврзани исклучително за спортска приказна и добри хумани дела. Проследив што медиумите објавуваат во последниве денови и затоа сум приморен да се обратам на овој начин – напиша фудбалерот Душко Тошиќ на социјалната мрежа Инстаграм.

принтскрин

– Како што знаете и можете да видите јас секаде сум претставен како насилник и во секој наслов јас сум лошата страна. Прв сум од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш со тоа не сум се служел. Затоа сакав да знаете дека во тие наслови на весниците јас не се пронаоѓам себеси, понатаму пишува Тошиќ и додава дека луѓето кои него го познаваат знаат дека е човек кој секогаш се труди да биде господин и дека и овојпат ќе остане доследен на себе со тоа што ќе ги игнорира измислиците и ќе чека ветрот против него да помине.

Да се потсетиме, Јелена Карлеуша за Божиќ го пријави сопругот за семејно насилство, а судот му изрече забарана од 30 дена на приближување на домот и на пејачката.

Обраќањето на социјалните мрежи, фудбалерот го искористи и за да даде поддршка на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ сметајќи дека „сите треба да ги пренасочиме нашите мисли и енергија кон најдобриот спортист“.

Слични објави

„Жена му работи во продавница“ – Што велат соседите за вдовицата на Бора Чорба?

Еспресо

(Видео) Ќе се искупи ли? Откако му ги откажаа концертите, Стјепан Хаусер објави литванска песна

Еспресо

Скандалозен „тип“: Турскиот милионер кој ѝ испраќа подароци на Карлеуша бил приведен

Еспресо

Официјално: Првата квир романса во центарот на „Бриџертон“ – Франческа и Михаела се главниот пар во петтата сезона

Еспресо

(Фото) Хрватска доби неочекуван репрезентативец, Тони Цетински ќе настапи на Светско првенство во Јапонија

Еспресо

Поранешното момче на Емина Јаховиќ „полуде“ по Јелена Карлеуша: Турскиот милионер сака на секој начин да биде со пејачката

Еспресо
Се вчитува....