10.8 C
Скопје
20:51 - 23 март, 2026

САКААТ ЧИСТИ ОДНОСИ: Овие хороскопски знаци први го поставуваат прашањето „На што сме?“

Секоја врска доаѓа до момент кога треба да се постави „тоа“ прашање, кое ќе одреди како понатаму ќе се развива тој однос.

Во денешно време многу врски долго време се статус-кво, пред партнерите да одлучат дали продолжуваат во сериозна врска или пак, да дефинираат каков ќе биде тој однос.

На пример, Вагите и Близнаците сакаат драма и неизвесност, Стрелецот и Јарецот мразат неизвесност, а Скорпиите и Лавовите попрво би се онесвестиле, наместо да го постават тоа прашање.

Но, еве кои се доволно храбри за да го почнат разговорот:

БИК

Биковите сакаат организираност, јасност и стабилност. Нив ги краси и интелект и емоционална интелигенција и во секој момент сакаат да бидат сигурни каква им е врската. Знаејќи ја точната ситуација, тие ги проценуваат и своите можности и се сосема во ред со секоја од можностите, сè додека нештата се јасни.

РАК

Раковите се чувствителни и секогаш се за тоа да бидат во врска. Поради тоа, тие со денови го мислат разговорот и им треба навистина многу храброст за да го почнат. Раковите не сакаат да го трошат времето на незначајни врски, па затоа им е важно да знаат на што се.

РИБИ

Рибите се интуитивни, романтични и љубезни и се спремни да се посветат на среќна врска. Нивните срца несебично даваат љубов, а ова прашање ќе го постават само ако сакаат врска. Во спротивно, никогаш нема да ја отворат темата, но ќе знаат дека во тој однос не мораат многу да вложуваат.

Слични објави

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.

Дара Бубамара првпат нема да биде дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“: Откриено кој ќе ја замени 

Еспресо

Зошто Азис му го сврте грбот на својот „творец“ Бони?

E.A.

(Видео) Хаусер свиреше руска песна на Инстаграм, па му ги откажаа сите концерти во балтичките земји

Еспресо

Верица Ракочевиќ денес полни 78 години! Сопругот Вељко ѝ честиташе јавно: „Уште долго пркоси му на времето“

Еспресо

(Фото) Баба од соништата: Сава, сопругата на Лозано, ја покажа мајка си со посебен повод

apostolova
Се вчитува....