18:42 - 1 февруари, 2026

ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН ЗА ПОВЕЌЕКРАТНО СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ: Р. Кели ќе биде осуден следната година

р кели

Американскиот музичар Р. Кели е прогласен за виновен за серија сексуални прекршоци, вклучително и долгогодишно водење „систем“ на сексуална експлоатација на млади жени и деца, пренесува „Би-Би-Си“.

Пејачот се соочува со обвинувања од жртвите речиси две децении, но постојано ги негираше истите. Случаите беа земени многу „посериозно“ откако жртвите зборуваа за тоа во телевизиски интервјуа.

Девет жени и двајца мажи јавно прозбореа за сексуалното понижување и насилство што им го нанел пејачот, а судењето траеше пет и пол недели.

СЕКСУАЛЕН ПРЕДАТОР: Р. Кели може да добие 10 години затвор!

Поротата, по дводневна расправа, го прогласи Р. Кели за виновен за сите обвиненија со кои се соочува. Музичарот треба да биде осуден на 4 мај, а му се заканува неколку децениска казна.

Р. Кели е обвинет за искористување на славата и богатството за да ги намами жртвите. Тој им ветил дека ќе им помогне во нивната музичка кариера. Неколку жртви сведочеа дека биле малолетници кога станале жртви на сексуално злоставување.

р кели
Р. Кели / Фото: EPA-EFE/TANNEN MAURY

Добитникот на Греми, чие вистинско име е Роберт Силвестер Кели, додека во судот се читала пресудата, според извештаите на странските медиуми, седел тивко на обвинителната клупа. Носел заштитна маска поради правилата за време на пандемијата на коронавирусот.

СЕКСУАЛЕН ПРЕДАТОР: Р. Кели може да добие 10 години затвор!

Оваа пресуда беше донесена дури 13 години откако Р. Кели беше ослободен од обвиненијата за детска порнографија на судење во Илиноис.

Американскиот музичар е еден од најистакнатите мажи на кои им се суди за сексуални престапи во рамките на движењето #MeToo.

Слични објави

„Тој ниту кафе на сака да плати, а камоли 250.000 евра“: Милиќ Вукашиновиќ „удри“ по Горан Бреговиќ

Еспресо

Ана Николиќ тајно ги оперирала градите: Ги намалила силиконите, за што платила 5.000 евра

Еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ ја крена Србија на нозе со ноќна порака, еве што напиша таа

Еспресо

(Фото) Парис Хилтон ја ископира Јелена Карлеуша: Стајлингот од 10.000 евра го облекла пет дена подоцна

Еспресо

Хороскоп за 1 февруари: Водолии, играте на картата за емотивен ризик

Еспресо

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо
Се вчитува....