13:27 - 30 јануари, 2026

ПРИНЦ ХАРИ СМЕТА ДЕКА АНГЛИЈА Е ПРЕМНОГУ ОПАСНА ЗА НЕГО, БАРА ТЕЛЕХОНРАНИТЕЛИ: Ако не ги добие, ќе ја тужи владата

Нова закана доаѓа од принцот Хари кон владата на кралицата Елизабета, која не му одобрува заштита од тим телохранители. Војводите од Сасекс се подготвени лично да ги финансираат телохранителите, но Скотланд Јард не се согласува.

Кавгата во Бакингемската палата никако да заврши. Додека кралицата Елизабета очајно се обидува да ја намали штетата од скандалот со принцот Ендру и неговото трајно отстранување од британскиот двор, сега доаѓа Хари со нова, сериозна закана што може да ја принуди кралицата да се соочи со својот внук дури и на легално ниво.

Според адвокатите на Хари, Хари би сакал да се врати во Британија за да ја посети својата баба, но не може да го стори тоа бидејќи Скотланд Јард одбива да му обезбеди придружба. Хари и Меган понудија да ја платат услугата од свој џеб, но Министерството за внатрешни работи тоа го забрани. И поради оваа причина, војводите од Сасекс сега велат дека се подготвени да ја тужат британската влада.

Британските власти веднаш реагираа на заканата на Хари: пред две години, откако го напушти кралството и беше ослободен од неговите јавни должности, принцот се збогуваше и со сите свои привилегии. Вклучувајќи ја и придружбата на телохранители на која тој би имал право.

„Хари не може да не користи како и кога сака“ протестираат во Скотланд Јард.

Хари би сакал да ги донесе своите деца Арчи и Лилибет во Лондон следниот јуни, по повод прославата за 70-годишнината од тронот на Елизабета, но без придружба, не сака да дојде. Затоа, принцот итно бара судска проверка на одбивањето на властите и се заканува дека ќе го тужи британското Министерство за внатрешни работи, а индиректно и баба си кралица, која одлучила да не интервенира.

Слични објави

(Фото) Прослава во семејството Гудељ: Балони, конфети и емотивна порака – „Избрав пат што никогаш не би го менувал!“

Еспресо

(Фото) Како грчка божица: Нина Бадриќ ги остави сите без здив во бел свилен фустан

Еспресо

Едита Арадиновиќ има здравствени тегоби во бременоста: „Сѐ ме снајде, само уште вода во колената немам“

Еспресо

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova
Се вчитува....