1.8 C
Скопје
11:20 - 18 декември, 2025

ПРИМЕНЕТЕ ГИ: Мајката на Илон Маск откри пет совети како да одгледате успешни деца

меј маск

Меј Маск, е една од најпознатите возрасни модели и мајка на Илон Маск, инвеститор и еден од најбогатите луѓе во светот, а покрај Илон, нејзините две други деца се исто толку успешни, ќерката Тоска е режисерка и сопственичка на стриминг сервисот „Passionflix“, а другиот син Кимбал е претприемачот и сопственик на профитабилниот ланец ресторани „The Kitchen“.

Модната икона со седа коса немала лесен живот, па во еден момент по разводот останала сама со три деца, а не крие дека имало тешки моменти кога едвај врзувале крај со крај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

И покрај сите тешкотии во нејзиниот живот, таа одгледала три деца и имала успешна кариера како диететичар, почнувајќи од нула во осум градови во три различни земји и два континенти, а нејзината прва книга „Жена со план: Совети за живот полн со убавина, авантури и успех“ пстигна огромен успех.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

„Им дозволив да ги истражуваат своите идеи. И секогаш бев искрена со нив. Знаеја дека не треба да ми создаваат проблеми додека работам, бидејќи ќе ја загубам работата и тие ќе останат без покрив над главата. Не ги третирав како деца, туку како возрасни“, во една прилика изјави Меј која во 2017 година стана најстарото заштитно лице во историјата на компанијата за убавина „CoverGirl“.

Маск исто така вели дека нејзините деца имале корист од тоа што ја гледале како работи за да им обезбеди дом, храна и облека. Меј, како што вели, ги усмерувала своите деца да преземат одговорност за изборот на кариера, барајќи од нив сами да си изберат факултет и да си ги пополнуваат апликациите без нејзина помош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

Еве пет совети што Меј ги советува родителите:

Научете ги од рана возраст да работат

Меј Маск истакнува дека таа и нејзината сестра му помагале на нејзиниот татко во неговата клиника и смета дека тоа е одличен начин да се осознаат вредностите на работата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

Однесувајте се кон децата како возрасни

Воспитувањето на Илон Маск не било многу идилично и се чини дека морал брзо да порасне. „Моите родители нè третираа како возрасни луѓе од доверба, и нивното влијание може да се види денес на начинот на кој ги воспитував моите деца“, рече таа во една прилика.

Нека ги следат своите интереси

Меј вели дека никогаш не се мешала во сферата на интерес на своите деца ниту пак влијаела на тоа на кој било начин.

„Никогаш не сум им кажала што да научат. Никогаш не им ги проверував домачните задачи, тоа беше нивна одговорност“, откри Меј Маск во една од нејзините книги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

Не ги навикнувајте на луксуз

Многумина на своите деца сакаат да им овозможат сè и повеќе од тоа, но Меј има своја посебна филозофија. Маск е голем поборник на тоа да не ги разгалувате вашите деца или да им дозволите да се навикнат на супериорен луксуз пред да можат да си го дозволат истиот. „Кога моите деца отидоа на колеџ, живееја во прилично лоши услови: со шест цимери или во лошо сместување. Но, тие се чувствуваа добро. Ако вашите деца не се навикнати на луксуз, тие ќе се снајдат подобро“, убедена е строгата Меј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

Направете ги одговорни за сопствената иднина

„Толку многу родители се ужасно загрижени за своите деца. Мој совет? Нека вашите деца бидат одговорни за својата иднина. Научете ги своите деца на добри манири. Но, нека одлучат сами што сакаат“, е мислењето на 73-годишната Меј Маск.

Слични објави

Таа знае да ми дувне во моето жарче за да се одржи огнот во мене: Изненадување од посебна личност за Јордан Митев

msp-admin

Нада Топчагиќ во свој стил застана во одбрана на колешката: „И на Цеца и на Брена џабе им се парите, Вера изгледа најдобро!“

Еспресо

(Фото) Кафе со Анушка: Спасен Силјановски го покажа убавиот дом

msp-admin

Александра Пријовиќ плаќа 30.000 евра за градинката на својот син, секој ден доаѓа возач да го земе малиот Александар

Еспресо

(Видео) Татјана Лазаревска го покажа домот во Австралија, еве што направија со Маријана Новачевска

Еспресо

Раде Шербеџија со концерт во Филхармонија на 23 јануари

Еспресо
Се вчитува....