2.8 C
Скопје
02:55 - 4 март, 2026

Пред 20 години цел свет зборуваше за Русинките кои со настапите ја шокираа планетата: Денес членките на „ТАТУ“ изгледаат сосема поинаку

Се сеќавате ли на музичката сензација ТАТУ? Нивните хитови беа присутни и на радијата и на телевизиите во Македонија, а нивните спотови се „вртеа“ многу често на светски познатите телевизиски музички платформи, како МТV, VHI, VIVA…

Поминаа 20 години откако двете Русинки го запрепастија светот со своите сценски настапи и спотот за кој и денес се зборува.

Но каде се тие денес? Каде се Русинките кои беа меѓу првите поп-сензации кои негуваа страсни бакнежи во своите спотови, облечени во училишни униформи, миленички и на машката, и на женската публика. Дали сè уште се во музичките води? Според она што можевме да го забележиме, тие се прилично активни на социјалните мрежи. Но… Имавме потешкотии да ги препознаеме, бидејќи дефинитивно ги следат трендовите, па направиле бројни „пластични“ зафати за разубавување.

Кога Лена Катина и Јулија Волкова во 1999 година основаа бенд, веројатно не претпоставувале дека целиот свет ќе зборува за нив и за нивната група „t.A.T.u.“, но се случи токму тоа.

Руската група која после спотот„All The Things She Said“, во кој Лена и Јулија се бакнуваат на дождот стана светска атракција, а после тоа Лена и Јулија објавија уште неколку песни, но никогаш не успеаја да ја достигнат славата каква што ја имаа со првата песна.

Денес Лена има 35, а Јулија 34 години и активни се на социјалните мрежи. Она што многумина го забележија е дека двете се вљубенички во естетската хирургија, бидејќи веќе не личат на себе.

Јулија веќе не се занимава со пеење, а пред неколку години ја извести јавноста дека го победила ракот на штитната ѕвезда поради што имала проблеми со гласните жици. Денес е мајка на синот Самир и ќерката Викторија.

Лена по распаѓањето на групата се вратила на студиите по психологија и исто така е во среќен брак во кој го има синот Александар.

На тој начин тие ги потврдија гласините кои кружеа од самиот почеток на нивната слава – дека нивната сексуална ориентација била фиктивна за да го свртат вниманието на себе, иако тоа можеби биле и минливи чувства.

 

Слични објави

„Денес ќе дознам кога ќе одам на операција“: Рале и Ана фотографирани заедно во хотел, таа му е голема поддршка

E.A.

„Целосно ја истрижав косата, а тој…“: Карлеуша низ солзи за Поповиќ кој ѝ помогнал по смртта на нејзината мајка

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ го напуштила ресторанот кога се појавила Нада Топчагиќ?! Не се поздравиле поради фотографијата на која се топлес

Еспресо

Вистината од семејниот дом на легендарниот Шабан Шаулиќ: Пејачот носел перика цели 10 години

E.A.

(Фото) Александра од МТВ го покажа синот Лука: Таа и сопругот имаат уникатна љубовна приказна

Еспресо

(Видео) Водителката Сања Маринковиќ наполни 52 години: Толку е младолика, што никој не би ѝ дал толку!

Еспресо
Се вчитува....