08:31 - 7 април, 2026

ПОЗНАТИОТ АКТЕР И КОМИЧАР ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19: Не го сакате ова, вакцинирајте се!

крис рок

Американскиот комичар Крис Рок во неделата објави дека е позитивен на ковид-19 и ја искористи можноста да апелира на вакцинација против коронавирусот, пишува „Си-Ен-Ен“.

На својот твитер-профил, Рок напиша: „Еј луѓе, само што дознав дека имам ковид и верувајте ми – не го сакате ова. Вакцинирајте се“.

Актерот претходно објави дека е вакциниран со вакцината „Џонсон&Џонсон“, која се дава во единечна доза.

Поранешниот член на „Saturday Night Live“ не ја коментираше неговата состојба, а неговит тим не дадоа дополнителен коментар.

Во мај, Рок, беше гостин во епизодата на Џими Фалон „The Tonight Show“, рече дека бил вакциниран со вакцината „Џонсон&Џонсон“, а потоа на шега рече дека го искористил статусот на ѕвезда и „бил преку ред“ за да ја прими што е можно поскоро.

„Го искористив мојот статус на славна личност, Џими“, рече тогаш Рок. „Не ми беше грижа за другите. Реков: „Еј, Бети Вајт и останатите постари луѓе, тргнете се за да можам да се вакцинирам“.

Познато е дека луѓето кои се целосно вакцинирани, исто така, можат да се заразат со ковид-19, но имунизацијата во голема мера го намалува ризикот од хоспитализација или смрт, велат здравствените експерти.

крис рок
Фото: EPA/ARMANDO ARORIZO

Поточно, луѓето кои не биле вакцинирани против ковид-19 имаат 11 пати поголема веројатност да умрат од оваа болест и 10 пати повеќе да бидат хоспитализирани за посериозни последици, според студијата објавена претходно овој месец од американскиот Центар за контрола на болести и превенција.

„Ти посакувам брзо и целосно закрепнување и симптомите да бидат што е можно поблаги. Побрзај, ни требаш“, напиша Лари Чарлс на својот твитер-профил, продуцент и сценарист на серијата „Seinfield“.

Слични објави

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.
Се вчитува....