6.8 C
Скопје
19:23 - 19 февруари, 2026

ПОЗНАТИ МАЈКИ: Славни личности кои успеаја да ја задржат бременоста во тајност

И покрај тоа што се изложени пред очите на јавноста, многу познати личности успеваат да задржат во тајност некои делови од својот живот за изненадувачки долго време. Овие славни мајки долго време успеваа да ја сокријат бременоста, а некои се породија во тајност.

Бијонсе

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Со месеци оваа позната дива ја криеше својата прва бременост. Таа конечно гордо го покажа стомакот на музичките награди на „МТВ“ во 2011 година во Лос Анџелес.

Ана Курникова

Поранешната тенисерка и нејзиниот сопруг Енрике Иглесијас беа исклучително успешни во криењето на бременоста, двапати. Јавноста дозна за бременоста со близнаците откако децата веќе се родија во 2017 година. Третото дете се роди во 2020 година. Целосно таинствени и во однос на нивниот брачен статус, тие го чуваат својот приватен живот подалеку од медиумите.

Кајли Џенер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Ријалити-ѕвездата ги презеде сите неопходни мерки за да ја заштити приватноста на својата прва бременост. Јавноста дозна за неа само кога самата Кајли објави слика веднаш по породувањето. Вториот пат, таа не беше толку таинствена и објави дека очекува уште едно дете со раперот и продуцент Тревис Скот пред неколку недели.

Аманда Сејфрид

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amanda Seyfried💛 (@mingey)

Оваа американска актерка одлучи да ја задржи втората бременост за себе и своите најблиски, успевајќи во тоа сè до раѓањето на нејзиниот мал син. Со сопругот и колега Томас Садоски има уште една ќерка родена во 2017 година.

Џиџи Хадид

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Американската манекенка ужива во центарот на вниманието и со задоволство ги споделува своите приватни фотографии на социјалните мрежи, но одлучи да ужива во бременоста само со својот партнер Зејн Малик. Сепак, таа не издржа до крајот на бременоста, бидејќи медиумите веќе шпекулираа за тоа, а таа самата потврди за време на посетата на Џими Фалон.

Ева Мендес

ФОТО: EPA/BEA KALLOS HUNGARY OUT

Ева и нејзиниот партнер Рајан Гослинг се неодолива двојка и тие ги чуваат деталите од нивниот семеен живот во четири sида. Таа ја криеше својата прва бременост речиси до крај. Двојката ретко е видена заедно во јавност, на што Ева прокоментира дека претпочитаат семејните моменти да ги поминуваат во својот дом со децата.

Извор: „Index“

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо
Се вчитува....