6.8 C
Скопје
20:33 - 12 март, 2026

Познати личности кои ја одбија главната улога во „Умри машки“, а помеѓу нив и еден од најпознатите пејачи на сите времиња!

Серијалот „Умри машки“ е еден од најголемите акциони филмови на сите времиња. Како што е познато, главната улога во оваа реализација ја имаше Брус Вилис, кој го толкуваше ликот на детективот Џон Меклејн.

Сепак, поранешниот сопруг на Деми Мур не прифати веднаш да го игра славниот полицаец.

Според странските медиуми, улогата на Џон Меклејн им била понудена на многу други холивудски sвезди пред Вилис, а тоа се Арнолд Шварценегер, Силвестер Сталоне, Клинт Иствуд, Мел Гибсон, Џејмс Кан и Ричард Гир.

Сепак, едно име може да ве изненади. Имено, Џон Меклејн требало да го игра, верувале или не, Френк Синатра.

На славниот пејач, кој во тоа време бил во осмата деценија од животот, му била понудена улога, бидејќи филмските продуценти сметале дека тој има соодветно искуство.

Имено, во 1968 година, Френк Синатра глумел во филмот „Детективот“, кој е базиран на истоимениот роман на писателот Родерик Торп, пишува НМЕ.

Она што е интересно е дека книгата „Детективот“ има и продолжение наречено „Ништо не трае засекогаш“, на кое се базира филмот „Умри машки“.

Френк Синатра ја одбил улогата, па на крајот му припаднала на Брус Вилис.

Инаку, со текот на годините тој дебатираше дали „Умри машки“ е Божиќен филм или не. Режисерот на филмот, Џон МекТирнан, даде свое видување.

  • Ние немавме намера да биде Божиќен филм, но радоста што произлезе од него доведе до тоа да биде Божиќен филм – изјави Мектирнан.

Во 2018 година, Брус Вилис имаше свое мислење за филмот „Умри машки“.

  • „Умри машки“ не е божиќен филм. Проклето добар филм за Брус Вилис – рече актерот пред две години.

Актери кои ја одбија улогата на Џон Меклејн:

Instagram

Слични објави

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо
Се вчитува....