17:59 - 7 април, 2026

Повлечени сите тужби против Џуси Смолет

Иако државниот обвинител во Чикаго ги повлече сите тужби и обвинувања против актерот Џуси Смолет, тој сè уште ја нема вратено довербата на сите свои колеги од „Empire“.

Потсетуваме дека пред околу еден месец, Смолет поднесе пријава против двајца напаѓачи кои наводно го нападнале поради бојата на кожата и сексуалната ориентација. Обвинетите потоа тврдеа пред судот дека актерот ги потплатил да го направат тоа, за да може да стекне поголем публицитет.

Дел од продукцијата сè уште не му верува на актерот, иако на официјалните страници на социјалните мрежи изразија задоволство што тужбите против него се повлечени.

Во прашање беше доведена и неговата улога во популарната музичка серија „Empire“, но извесно е дека тој нема да биде избришан од актерската екипа и ќе се врати и во шестата сезона.

Истрагата сè уште не е завршена, бидејќи се истражува заканувачкото писмо кое актерот го добил осум дена пред нападот, за кое постои сомнеж дека самиот си го испратил.

Слични објави

Телевизија Пинк објави кога Зорица Брунцлик ќе се врати во „Ѕвездите на Пинк“

Еспресо

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

„Оди во манастири и се моли за бебе“: Тања Савиќ се посветила на верата заради потомството

Еспресо

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо
Се вчитува....