09:00 - 12 ноември, 2026

После цел месец соопштена е вистинската причина за смртта на легендарниот Шон Конери!

На 31 октомври на Бахамите, почина легендарниот Џејмс Бонд – Шон Конери, а сега конечно се откри причината за смртта.

Според првичните информации беше соопштено дека актерот починал во сон, а сега се дознава дека причината за смртта биле пневмонија, респираторна слабост, старост и атријална фибрилација – неправилно чукање на срцето.

Профимедиа
  • Таков живот не беше за него. Тој не беше во можност да се изрази во последно време. Барем почина во сон, беше многу мирно. Цело време бев со него и тој само заспа. Така сакаше и да биде – изјави сопругата на Шон, Мишелин, за Дејли меил.

Неговата сопруга изјави дека покрај Шон имала прекрасен живот и дека е среќна што заедно остареле, но и дека тој е човек на кој многумина треба да се угледуваат.

Профимедиа
  • Тој беше прекрасен човек и имавме одличен живот заедно. Тој беше човек на кој другите му се восхитуваа. Ќе ми биде тешко без него, го знам тоа. Но, свесна сум дека не може да траеме вечно – додала таа.

Покрај фановите со славниот Бонд се простија и бројни актери, политичари и познати личности. Скоро сите се согласуваат дека тој беше еден од најлегендарните актери, а почит му оддаде и сегашниот Џејмс Бонд – Даниел Крег.

Профимедиа

Слични објави

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо
Се вчитува....