10.8 C
Скопје
12:13 - 30 март, 2026

Поранешната девојка на славниот актер – Бремена ме испраќаше да му купам хероин

Поранешната девојка на актерот Метју Пери тврди дека тој ја испраќал по хероин додека таа била во петтиот месец од бременоста.

Во интервјуто за странските медиуми, Кејти Едвардс, која беше во врска со актерот Метју Пери во 2000-та година, вели дека се согласила да набавува наркотици за Пери со цел да го заштити додека тој се борел со зависноста.

Кејти изјави дека е воодушевена што Метју конечно пронашол среќа со вереницата Моли, и што конечно се ослободил од пороците.

Фото: Профимедиа

Таа додаде дека за време на неговата зависност одела по наркотици со цел да го спречи да лута по улиците и да биде уапсен.

„Во момент на неговата слабот тоа беше се што јас можам да направам за него. Бев отприлика во петтиот месец од бременоста и одев да набавам хероин на адресите на кои ме испраќаше. Тој само му велеше: „Никој нема да запре бремена девојка, не се грижи. Одев по пратката, а во неа некогаш имаше хероин, некогаш кокаин и таблети. Никогаш не знаев што точно се наоѓа во пакетот“, тврди Кејти.

Фото: Профимедиа

„Кога ќе погледнам наназад, помислувам каков пријател сум му била. Не ми било проблем да одам по дрога бидејќи не сакав да лута по улиците. Исто така, тој тоа ми го плаќаше. Понекогаш одев по стоката и по три пати дневно и знаев дека ќе заработам до 4000 долари во еден ден. Секогаш ми говореше дека парите не се проблем“, изјави Едвардс за „The Sun“.

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....