Пит и Бас се познати како најстари рапери што се фатиле за микрофон. Овие лондончани, очигледно дека подолго се занимавале со музика, ама никој не ги фермал, и одеднаш – „им пукнало“ дури на стари години. Интересно е што ја воодушевуваат токму младата публика, а од друга страна, пак, дедовциве, сепак си се држат за своите „пиштоли“, пишувајќи лирика која зборува за животот и проблемите на бабите и дедовците.
Ѕвездиве, раперишта, имаат куп следбеници на социјалните мрежи, а за нивните концерти, по пабови, се бара карта повеќе.
Инспирирајте се од фраериштава Пит и Бас и славете го животот! Не обесхрабрувајте се ако нешто не ви оди „од прва, втора, трета, петта…“. И запомнете, никогаш не е доцна и вам да „ви пукне“ и да станете најфраер на свет!
https://www.youtube.com/watch?v=0UBkGndSDe8