10.8 C
Скопје
11:41 - 30 март, 2026

ПОЧИНА МАРК ЛАНЕГАН, ЛЕГЕНДАТА НА АЛТЕРНАТИВНИОТ РОК: Неодамна раскажуваше за неговото страшно искуство со Ковид, од губење на слухот до тринеделна кома

Пејачoт почина 57 години. На неговиот Твитер профил e објавено соопштението: „Во моментов нема други информации. Семејството ве замолува да ја почитувате нивната приватност“.

Ланеган беше легенда на алтернативниот рок. Неговата кариера започна во 1980-тите со Screaming Trees, бенд од Еленсбург, (Вашингтон), подоцна продолжи со соло кариера издавајќи дури единаесет албуми – вклучувајќи го и The Winding Sheet од 1990-тите каде свиреа и Курт Кобејн и Крист Новоселиќ, а соработуваше и со Queens of the Stone Age, Изобел Кембел и Грег Дули.

Во последните години објави и две книги. Првата насловена Sing Backwards and Weep, е автобиографија во која тој открива се што му се случувало од детството наваму. Втората, Devil in a Coma, раскажува за неговото страшно искуство со Ковид, од губење на слухот до тринеделна кома.

Неговиот последен албум е Straight Songs of Sorrow од 2020 година.

Слични објави

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо
Се вчитува....