6.8 C
Скопје
04:30 - 30 март, 2026

Почина легендарната актерка Барбара Виндзор

Актерката Барбара Виндзор почина во 83-та година. Ѕвездата на популарната британска серија „Eastenders“ и серијалот на филмови „Carry On“ почина во еден лондонски дом за стари лица.

Виндзор боледувала од Алцхајмерова болест, а според сопругот Скот Мичел, починала мирно.

Фото: Инстаграм

На Барбара Виндзор болеста и била дијагностицирана во 2014-та година, а во домот за стари лица била од почетокот на оваа година.

„Ќе биде запаметена по љубовта, забавата, пријателството и радоста кои ги донесе во нашите животи“, рекол сопругот.

Фото: Инстаграм

Нејзиниот последен актерски настап бил во 2016-та година во сапуница, а истата година ја добила благородната титула „дама“ од кралицата Елизабета Втора.

Откако и дијагностицирале деменција, актерката станала Амбасадорка на Алцхајмерова болест. Се сретнала и со премиерот Борис Џонсон, со цел да укаже на проблемите со кои се соочуваат заболените од оваа болест.

Фото: Профимедиа

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....