12:35 - 19 ноември, 2026

Почина Ален Делон: Актерот беше вистинска икона на францускиот филм

Францускиот актер Ален Делон почина на 88-годишна возраст, а веста ја потврдија неговите деца за новинската агенција „Франс прес“.

Наследниците на Делон напишаа заедничко соопштение до медиумите.

„Тој почина мирно во својот дом во Души, опкружен со неговите три деца и неговото семејство“, се вели во соопштението, во кое се додава дека семејството бара приватност во овие тешки моменти.

Неговата здравствена состојба беше лоша во последните неколку години, особено откако преживеа мозочен удар во 2019 година.

Делон е роден на 8 ноември 1935 година. Во својата долга кариера, тој се покажа како исклучителен театарски и филмски актер, режисер и сценарист и заслужено го доби епитетот „икона на француската и светската кинематографија“.

Појавувајќи се на филм во 1957 година, тој веднаш стана еден од најатрактивните и најамбициозните млади француски актери. Делон ја одигра својата прва забележителна улога во криминалниот филм „Во зенитот на сонцето“ („Purple Noon“), а светската слава ја стекна во 1960 година со улогата во филмот „Роко и неговите браќа“ („Rocco and His Brothers“).

Меѓу најважните филмови во кои глумел во текот на кариерата се „Самурај“ („Le Samouraï“), „Борсалино“ („Borsalino“), „Гепард“ („The Leopard“), „Сицилијански клан“ („The Sicilian Clan“) итн.

Слични објави

(Фото) Адријана Алачки во поинакво издание: наместо пред камерите, покрај казанот со ајвар

Еспресо

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.

(Видео) Шлагот ја откри слатката тајна — Софија Манчева и Марио Јовановски го споделија полот на бебето

К.С.

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо
Се вчитува....