12.8 C
Скопје
08:10 - 26 септември, 2026

Пенелопе Круз се закити со шпанската национална награда за кинематографија: Жирито било едногласно

Шпанската актерка Пенелопе Круз ја доби Националната филмска награда на Шпанија за 2022 година, соопшти тамошното Министерство за култура и спорт.

Како што е наведено на официјалната интернет-страница, „жирито едногласно ја наградило глумицата за достигнувањата во 2021 година, кои се додадени на сѐ она што го постигнала во нејзината кариера“. Покрај тоа, Пенелопе Круз е првата Шпанка која ја добила наградата за најдобра женска улога на Филмскиот фестивал во Венеција за нејзината улога во филмот „Madres Paralelas“ на Педро Алмодовар. Номинирана е и за четири „Оскари“ низ годините досега.

„Со нејзиниот огромен талент и сестрана личност, таа соработува и има блиски врски со филмски работници од целиот свет, а тоа отвори нови врати и за шпанската кинематографија“, се вели во соопштението.

Националната филмска награда на Шпанија се доделува секоја година за севкупен придонес во шпанската филмска индустрија. Покрај Националната награда за кинематографија, Круз доби и парична награда од 30.000 евра.

Во својата мошне богата кариера глумела во 65 филмови, освоила Оскар во категоријата најдобра женска улога за улогата во филмот на Вуди Ален „Vicky Cristina Barcelona“ во 2008 година, а освоила и награди на фестивалите во Кан, Франција и „Goya“ во Шпанија.

 

Пред да и се посвети на глумата Пенелопе била девет години балерина:

„Сите ножни прсти ми се свиткани. Стапалата ми крвареа од премногу танцување, а ноктите ми отпаѓаа и ми стануваа црни. Кога сега си ги гледам нозете, тие имаат големо значење за мене“, раскажаЛА актерката на почетокот на својата кариера

 

Слични објави

Хороскоп за 26 септември: Биковите ќе имаат радосни моменти со блиските, Рибите ќе бидат водени од интуиција

Еспресо

Хана Хуљиќ за Петар Грашо: „Од концерт доаѓа дома во четири-пет наутро само за да биде со нас“

Еспресо

„Првата половина од мојот живот ја поминав…“: Марија Шерифовиќ донесе важна одлука на Бали

Еспресо

(Фото) Новата снаа на Брена се всели во станот на Виктор од 700.000 евра: Александра го покажа неверојатниот луксуз

Еспресо

(Фото) Торта на три спрата, скокалница и декорации – Сека Алексиќ го претвори дворот во игротека за роденденот на синот Јаков

Еспресо

„Својот труд го трошеше на луѓе кои тоа не го заслужија“ — Сузана Јовановиќ е разочарана од луѓето по смртта на Сaша Поповиќ

E.A.
Се вчитува....