9.8 C
Скопје
14:53 - 31 март, 2026

ПЕЛЕ ХОСПИТАЛИЗИРАН: Светот се моли за неговото здравје

Страв и надеж за најголемиот досега, од сите. Име познато во секој агол на планетата. Светот трепери за Пеле, вечниот крал и симбол на фудбалот, титула која „ја дели“ со другиот великан кој неодамна почина: Диего Армандо Марадона.

Пеле е хоспитализиран веќе шест дена во израелската болница „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, во саботата му беше оперирано дебелото црево поради сомневање за тумор. Хистолошкото испитување ќе разјасни за што точно станува збор.

Грациозен каков што беше на фудбалскиот терен, одмерен, така ги минува и болничките денови. Пеле не ја загуби ни желбата за победа, па на социјалните мрежи напиша дека се соочува „со овој натпревар со насмевка на лицето, со многу оптимизам“ и опкружен со љубовта на неговот семејство и пријателите.

Инаку, Пеле влегол во болницата за срцеви прегледи и лабораториски тестови кои требале да бидат рутински, но откако се појавил сомнеж за тумор бил задржан и опериран во саботата.

Фудбалскиот ас е со голема верба дека ќе успее, а со него е и целиот свет, не само фудбалските фанови. Поранешниот шампион, трипати светски шампион со Бразил, е безвременска икона, отпорна на времето и на генерациите што минуваат, и затоа продолжува да ужива светска слава.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....