7.8 C
Скопје
09:26 - 31 март, 2026

ПЕЈАЧОТ ГИ НАЛУТИ КОЛЕГИТЕ: Ќе те видиме за 50 години дали ќе зборуваш така!

Дарко Лазиќ неодамна го доби синот Алексеј и неговото раѓање го славеше неколку дена. Од првиот брак тој ја има ќерката Лорена.

Многу од колегите беа изреволтирани од неговата, најверојатно неумесна изјава дека: „Ќерката е убава вест, но синот е нешто посебно“.

Пејачката Гоца Божиновска изјавила дека ќе разговара со Дарко за околу 50 години на оваа тема: „Не за џабе рекле ‘Алал да ѝ е на онаа мајка која има ќерка’, јас имам две ќерки и син, од свое искуство кажувам дека ќерките повеќе се грижат за мене. Истото го правам и јас за својата мајка која има деменција.“

Пејачката на народни песни Снежана Ѓуришиќ изјавила дека што е до нејзе, децата не треба да се делат, машко или женско, тоа е исто за родителите.

Аца Лукас, по честитањето за раѓањето на синот, рекол дека не треба да му се замери на среќен човек, но дека што е до него, тој самиот чувствува неверојатна љубов и поврзаност со ќерка му.

Гоца Тржан искрено му порачала на Дарко дека се надева дека изјавата е само лапсус и дека поради радоста му се испуштило такво нешто: „Дете е дете, без разлика дали е машко или женско. Ниту еден нормален човек не го гледа полот на детето.“

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....