13:22 - 7 ноември, 2026

Пандемијата ја спречи да направи гламурозна забава: Елена Велевска својот 40-ти роденден го прослави со родителите и децата! (ФОТО)

Познатата фолк-пејачка Елена Велевска вчера го прослави својот јубилејен 40-ти роденден.

Но, наместо голема и гламурозна забава, поради пандемијата со коронавирусот, пејачката се одлучи да прослави со своите најсакани во домашна атмосфера.

На роденденската забава присуствувале родителите на Елена, нејзината сестра, нејзините три деца и внуците, а се разбира, тука била и роденденската торта во знакот на омилениот бренд за облека – „Луј Витон“.

Фото: Промо

– Годините се бројка, а јас не сум се чувствувала никогаш посреќна од сега. Задоволна од постигнатото досега, ќе се трудам и понатаму публиката да ја радувам со нови проекти од мене – изјави накусо Велевска за нашиот медиум.

Инаку роденденот Елена го прослави во Прилеп, каде веќе живее една година заедно со своите три деца. Како што знаете, познатата пејачка пред неколку месеци стави крај на долгогодишниот брак со сопругот Маријан, со кого живееа во Охрид.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....