Принцот Вилијам и војвотката Кејт, заедно со децата ја посетија „РХС Гарден“, една од најубавите шумски градини во Челси.
Фотографиите ги споделија на официјалниот профил на Инстаграм, а светот е воодушевен од нивната лежерност и неформалност. Идејата на оваа посета е токму кралското семејство да ги мотивира граѓаните да поминуваат повеќе време во природата.
Војвотката од Кембриџ истакнала дека уште од дете сака да поминува време во природа, а смета и дека само на тој начин може децата да израснат во среќни и здрави личности.
На фотографиите објавени на профилот на Кенсингтонската палата може да се забележи како најмладите членови на кралското семејство се запознаваат со природата, но и дека целосно уживаат во тоа.