5.8 C
Скопје
07:07 - 1 април, 2026

Ова звучи светски: „Твоите очи Лено мори“ преработена од Cyrillic во модерен дип-хаус звук! (ВИДЕО)

Едни од најатрактивните имиња на електронската сцена во Македонија кои се појавиле последниве неколку години, дефинитивно се момците од Cyrillic, Андреј и Бојан.

Од ден на ден нивната публика во нашата земја, но и надвор од неа е сè повеќебројна, а тоа го мотивира ова електронско дуо да создава и во иднина нова и квалитетна музика.

По тој повод, „Севда“ е нивното најново остварување, а инспирација за истата е од македонската народна песна „Твојте очи Лено мори“, но спакувана во модерен дип-хаус аранжман со етно примеси. За овој сингл момците од Cyrillic соработуваа со пејачката Наташа Малинкова, која маестрално ги испеа вокалите.

За новиот сингл има и видеоспот во режија на Зоран Зонде Стојановски. Истиот се снимаше на неколку локации во Македонија, а моделот кој ја има главната улога во спотот е преубавата Марија Давчевска.

Задоволството од одлично сработениот проект со споделија и Андреј и Бојан…

Севда е страст, Севда е љубов. Севда е фузија на два тотално различни музички света, кои што тука перфектно се споија. Многу ни е мило што направивме еден ваков проект, каде што ставаме наш печат како Cyrillic, на една од нашите омилени Македонски етно песни. Се надеваме дека ќе им се допадне на нашите фанови и пошироката јавност ѝ ќе придонесе на помладите генерации да им стане блиска нашата Македоснка музика – вели Андреј.

Севда е комбинација на етно елементи со карактеристични Cyrillic звуци и мистичен вокал испреплетени за еден одличен радиски и клубски сингл. Интересна е реакцијата на публиката на нашите настапи кога за прв пат ја слушаат, обично се позитивно изненадени поради тоа што не очекуваат такава комбинација – изјави Бојан.

Инаку од неодамна Cyrillic станаа ексклузивци на „Sky Eye Entertainment“, всушност ова е втор издаден сингл под оваа издавачка куќа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....