11:27 - 5 декември, 2025

Откриени тајни од кралското семејство – Принцезата Ана со години ја заплашува Камила Паркер!

Експертот за кралското семејство откри дека ќерката на кралицата Елизабета Втора со години со своето однесување ја заплашува Камила Паркер.

Принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета Втора е позната по својата отвореност, а некои дури ја сметаат и за многу тешка личност.

Според мислењето на новинарката Пени Џуниор која го следи британското кралско семејство, однесувањето на принцезата низ годините на многу членови од семејството им задало големи главоболки.

Најмногу главоболка најверојатно добила сопругата на принцот Чарлс, Камила Паркер.
Имено, како што наведува новинарката, Камила со години стравува од Ана.

Пени верува дека сето тоа, барем делумно, е резултат на нивните претходни љубовни врски. Имено, Ана пред сегашниот брак, но и бракот на принцот Чарлс и Камила била во љубов со поранешниот сопруг на Камила, Ендру Паркер.

„Аферата меѓу Ендру и Ана не успеала, но мислам дека многу се сакале. Дури, мислам дека и се уште се сакаат. Сметам дека отсекогаш имале проблеми токму поради аферата со Ендру“, вели таа.

„Принцезата Ана е малку незгоден лик и знае да биде прилично тешка. Со години ја заплашува Камила како со својата појава, така и со грубото однесување“, раскажа новинарката, додавајќи дека односот на принцезата и поранешниот сопруг на војвотката всушност ја довел Камила до Чарлс.

Камила со Ендру била во брак до 1995 година, а потоа чекала 10 години за да се омажи со принцот Чарлс.

Со оглед на тоа дека во семејството влегла на сосема погрешен начин, Камила смета дека е една од најомразените личности во кралското семејсво.

Јавноста не ја сака бидејќи смета дека принцезата Дијана, првата сопруга на принцот Чарлс, која уживаше во големо внимание и љубов од јавноста, најмногу страдала поради неа.

А денес се шпекулира дека Камила едвај чека принцот Чарлс да ја преземе круната, со цел да може да направи се што посакувала низ годините.

Фото: Профимедиа

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....