18:04 - 3 јули, 2026

Откриени детали за престојот на Александра Пријовиќ во Загреб: Само за хотелот дала 17.000 евра

Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ по успешната концертна турнеја во регионот, предизвика бура и во соседна Хрватска, каде што распродаде дури пет Арени во Загреб.

Прија во овој град пристигна ден пред првиот концерт, во придружба на синот и најблиските членови на семејството, додека нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ со екипа од 75 луѓе пристигна претходната вечер, за да се увери дека подготовките пред спектаклот одат во најдобар ред.

Српските медиуми пренесуваат дека Пријовиќ за престојот во Загреб го избрала најлуксузниот хотел што може да го понуди овој град, а цената на нејзиниот престој е апсолутно вртоглава, бидејќи достигнува неверојатни два милиони динари, што е околу 17.000 евра.

Имено, Прија и нејзиното семејство седум дена ќе престојуваат во главниот град на Хрватска, а како што дознава „Република“ таа не сакала да штеди за удобноста на сместувањето, па решила да се почести со престој во најскапиот стан, а кај себе имала располага со се што може да понуди овој помпезен хотел.

„Прија престојува во хотел во строгиот центар на Загреб и со оглед на тоа што пее пет ноќи и затоа мора да престојува седум дена, за престојот мораше да плати околу два милиони динари, што е отприлика околу 17 илјади евра. Таа го донесе целото семејство од Белград, но и најблискиот тим на соработници кои ја придружуваат на секој концерт. Филип пристигна еден ден порано со целата продукциска екипа од 75 луѓе, а сместувањето мораше да им се плати, иако за неа не е ништо, слушнавме дека на оваа турнеја заработила огромна сума пари – вели извор од хотелот. кој побарал да остане анонимен поради работата.

Како што дополнително открил соговорникот од хотелот кој секојдневно се гледа со Прија, популарната пејачка е повлечена и не сака премногу да се експонира во јавност, а најмногу ужива во удобноста на својот луксузен апартман.

Слични објави

Се разведува Влада Вуксановиќ: По седум години љубов ставија крај на бракот

Еспресо

(Видео) Инвестираше 200.000 евра во имот, а сега го издава за приватни прослави – еве колку заработува Наташа Беквалац

Еспресо

(Видео) Џејла Рамовиќ мами погледи – позираше во романтичен чипкан фустан кој ѝ ги истакна долгите нозе

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Вељко и Богдана Ражнатовиќ уживаат со своите синови на Кипар

Еспресо

Тања Кочовска и Предраг Павловски со нова фотографија покажаа дека семејството им е секогаш на прво место

Еспресо

Радосна вест: Никола Мицевски е првиот Македонец што влегол во финале на музичките награди во Лос Анџелес

Еспресо
Се вчитува....