13:04 - 13 ноември, 2026

ОДЛИЧЕН ИЗБОР: Дали убавата британка ќе ја видиме во улога на Меган Маркл во „The Crown“?

Гугу Мбата-Ро

Гугу Мбата-Ро, 38-годишната британска актерка вели дека не би можела да ја одбие улогата на Меган Маркл во серијата „The Crown“ доколку ѝ биде понудена.

Мбата-Ро признава дека дефинитивно би размислила дали да ја глуми Меган Маркл во познатата серија „The Crown“, откри таа во интервју за „Tatler“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gugu Mbatha-Raw (@gugumbatharaw)

Убавата актерка родена во Оксфорд, која глумела во бројни филмови и сериикако „Bad Girls“, „Miss Sloane“, „The Morning Show“, „Doctor Whо“ вели дека навистина ќе ѝ „ласка“ ако ѝ се понуди улогата на сопругата на принцот Хари.

Актерката објасни дека сигурно ќе ја „размисли“ можноста доколку истата се укаже, иако се уште не е направен официјален кастинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gugu Mbatha-Raw (@gugumbatharaw)

Иако никогаш не ги запознала принцот Хари и Меган Маркл, таа вели дека чувствува симпатии кон нив и дека ѝ е јасно зошто многу Американци се фасцинирани од нив.

„Во Америка, таа приказна изгледа како бајка. Сигурна сум дека тоа не е лесен живот. Како да не ја знаеме половина од вистината, но јас го почитувам тоа“, рече таа.

Инаку, Гугу ќе ја видиме и во новиот психолошки трилер „The Girl Before“ на „BBC One“.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....