9.8 C
Скопје
00:46 - 20 април, 2024

Од мемоарите на Меконахи: На 15 години за првпат бев уценуван да имам секс, а на 18 бев сексуално злоупотребен од маж

Во своите мемоари „Зелени светла“, Метју Меконахи откри шокантни детали од своето минато. Тоj исто така открива зошто никогаш не бил во љубовна врска со филмска партнерка

Иако отсекогаш важел за холивудски заводник, Метју Меконахи никогаш не размислувал така за себе. Тој во онлајн-промоцијата на книгата со мемоари, зборуваше за тоа дека секогаш го поврзувале со колешките со кои бил партнер во филмовите, иако тоа не било вистина и објасни зошто се воздржувал од такво искушение.

Секогаш се обидував да бидам крајно професионален со луѓето со кои работам и мора да признаам дека тоа добро ми оди. Можеби постоеја заемни симпатии со некои колешки, но секогаш успевав да останам професионален до крај – изјави Метју и кажа дека никогаш не се чувствувал растргнат меѓу работата и семејството.

Пишувам за Холивуд во мојата книга. Славата е многу убава, но и лесно може да ве заведе. Мојата сопруга и семејството секогаш ми се на прво место и со нив не сакам да се коцкам. Тие се мојата градина за која јас се грижам, ја негувам, ја полевам, а таа ми возвраќа со најубави цветови. Ме прави среќен и исполнет човек.

Дека навистина мисли така, Метју докажа кога се скара со мајка му и не зборуваа осум години откако дозна дека таа на таблоидите им открива детали од неговиот приватен живот. Подоцна успеаја да ги решат недоразбирањата и сега се во добри односи.

Меконахи (50) од 2012 година е во брак со моделот Камила Алвез (38), со која имаат три деца.

Метју со сопругата Камила/EPA-EFE/MIKE NELSON

Камила која е по потекло од Бразил, во САД првпат дошла на 15 години, во посета на тетка ѝ, и тогаш решила да остане во Лос Анџелес за да си ја побара среќата. Но пред да стане успешен модел, Камила работела како келнерка и чистела куќи на богати луѓе.

Со Метју се запознале во 2006 година во еден калифорниски клуб, каде што актерот бил излезен со друштво и ја поканил да им се придружи на пијалак.

По три дена излеговме на прв состанок и веднаш знаев дека сакам да одиме на втор. Оттогаш со нетрпение го очекував секој наш следен состанок.

EPA/WARREN TODA

Тие во 2008 година станаа родители на синот Леви, а две години подоцна на ќерката Вида. Пред да им се роди третото дете, синот Ливингстон, на Божиќ 2011 година се венчаа.

Но, не било сè така розово во животот на актерот. Тој во мемоарите за првпат открива шокантни детали за тоа како на 18 години бил сексуално злоупотребен.

Кога имав 15 години, првпат бев уценуван да имам секс. Си мислев дека ќе горам во пеколот ако имам односи пред брак“, пишува тој и продолжува:

„На 18 години бев злоупотребен од маж, откако ме нокаутираше и ме одвлечка во неговото комбе. Но, никогаш не се чувствував како жртва. Имам многу докази дека судбината се погрижи да бидам среќен човек.“, заклучува глумецот.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....