-1.2 C
Скопје
07:00 - 11 март, 2026

Новинарката која без бурка интервјуираше Талибанец го напушти Авганистан

новинарка авганистан талибан

Бехешта Арганд, новинарката која интервјуираше Талибанец без бурка на авганистанската телевизија „Толо“, го напушти Авганистан, пренесува „Си-Ен-Ен“.

„Ја напуштив земјата бидејќи, како и милиони луѓе, се плашам од Талибанците“, рече Арганд во преписка со новинарите на „Си-Ен-Ен“.

Саад Мосени, сопственик на „Толо“, рече дека нејзиниот случај е симбол на ситуацијата во Авганистан. „Речиси сите наши познати новинари си заминаа“, изјави Мосени. „Едвај успеавме да најдеме замена. Луѓето се чувствуваат несигурно”, додаде тој.

ФОТО: Принтскрин/Јутјуб-Толо

Арганд има 24 години. Студирала новинарство на Универзитетот во Кабул четири години. „Работев таму еден месец и 20 дена, а потоа дојдоа Талибанците“, се сеќава таа.

Нејзиното интервју на 17 август беше прво во историјата на Авганистан, кога претставник на Талибан се појави во живо во ТВ студио и седна спроти новинар. Многумина заклучија дека Талибанците на тој начин се обидуваат да го убедат светот дека се промениле.

Новинарката вели дека тоа интервју го направила за сите жени во Авганистан

„Си реков: Една од нас мора да почне… Ако останеме во нашите куќи или не одиме во канцеларии, тие ќе речат дека не сакаме ниту да работиме. Му реков на членот на Талибан: Ние ги сакаме нашите права. Ние сакаме да работиме. Ние сакаме – мораме – да бидеме дел од општеството. Ова е наше право“, вели Арганд.

Инаку, два дена по интервјуто со Талибанците, Арганд ја интервјуираше и Малала Јусафзаи, активистка која преживеа атентат од страна на Талибанците.

Два дена по тој разговор со Малала, Арганд се обрати за помош кај активист. Во вторникот, таа се качи на летот за евакуација на катарските воздухопловни сили заедно со неколку членови на семејството.

„Ако Талибанците го направат она што го велат – она ​​што го ветија – и ситуацијата се подобри и јас се осигурам дека сум безбедна и дека нема закана за мене, ќе се вратам во својата земја и ќе работам за својата земја. За својот народ”, додаде таа.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....