Нови информации се појавуваат во случајот со смртта на директорката на фотографија Халина Хачинс, која беше убиена од холивудскиот актер Алек Болдвин на филмски сет од пиштол кој требал да биде само филмски рекцизит, а не пиштол со вистински куршуми.
На Болдвин пиштолот му го дал помошникот режисер Дејв Халс. Во медиумите беше објавено дека, според внесеното во судската евиденција, тој не знаел дека во пиштолот има вистинска муниција.
View this post on Instagram
Пиштолот наводно му бил предаден на Болдвин со зборовите дека „оружјето е ладно“, што во филмскиот жаргон значи дека во него нема муниција.
Сепак, сега се појавуваат нови детали за Халс, кои би можеле да фрлат ново светло на трагедијата.
Според Си -Ен -Ен, членовите на филмските екипи се жалеле на Халс во две претходни филмски продукции, во 2019 година, поради безбедносни проблеми на сетот и поради неговото однесување на сетот. Тоа за Си-Ен-Ен го кажале две лица кои тесно соработувале со него.
View this post on Instagram
Поплаките против помошник-режисерот Дејв Халс вклучуваат непочитување на безбедносните протоколи за употреба на оружје и пиротехнички средства, блокирани излези за пожари и примери на несоодветно сексуално однесување на работното место.
Меги Гол, лиценцирана пиротехничарка која работи на производство на реквизити за филмски сетови, во изјава за Си-Ен-Ен рече дека за време на работата на антологиската серија „Into the Dark“ во 2019 година, Халс занемарил да одржува безбедносни состаноци и не најавил присуство на огнено оружје на филмската екипа на снимањето, што морал да го направи според безбедносните протоколи.
View this post on Instagram
– Единствената причина зошто тимот беше свесен дека оружјето е присутно е тоа што помошникот мајстор за реквизити побара од Дејв да го објави, вели Гол.
Таа додава дека мајсторот за реквизити, кога пиштолот бил потребен за пукање, редовно го објавувал, како и дали се работи за пластична или гумена реплика. Според неа, мајсторот на реквизитите често го предупредувал Халс дека не ги враќа реквизитите, вклучително и оружјето и дека не дава безбедносни најави.
View this post on Instagram
Гол опишува и ситуација кога на лиценциран пиротехничар на сетот му била потребна итна медицинска интервенција, а Халс си продолжил со снимањето.
Холс не одговори на прашањето на Си-Ен-Ен околу наведените обвинувањата против него.