5.8 C
Скопје
05:42 - 1 април, 2026

Нетфликс ги избриша филмовите во кои глуми Џони Деп

Филмовите во кои глуми холивудскиот актер Џони Деп нема повеќе да се прикажуваат на стриминг платформата Нетфликс во Америка и Австралија.

Имено „Нетфликс Америка“ и „Нетфликс Австралија“ се одлучија да ги избришат од својот каталог сите филмови во кои оваа холивудска ѕвезда има своја улога.

Причината за таквата одлука наводно е судењето кое се одвиваше оваа година меѓу Џони Деп и неговата поранешната сопруга Амбер Хард и таблоидот „The Sun“.

Да се потсетиме, Џони Деп го тужеше британскиот таблоид „The Sun“ и неговиот извршен уредник Ден Вутон поради клевета во статија од 2018 година во која тој е наречен „човекот кој ја тепа својата жена“, а со случајот се занимаваше Високиот суд во Лондон кој потврди дека Џони Деп бил насилникот во семејството.

Фото: EPA/FRANCK ROBICHON

Деп ја изгуби оваа правна битка вредна два милиони долари. По овој пораз, следеше уште еден во кој тој остана без улогата во „Фантастични ѕверки“.

Актерот на својот Инстаграм профил објасни дека студиото Ворнер Брос го замолило да се откаже од улогата на Гелерт Гриндевалд од спин-оф франшизата „Хари Потер“.

„Го уважив нивното барање и се согласив со тоа барање“, напиша Деп, пренесува Ројтерс.

Недолго потоа, Ворнер Брос соопшти дека улогата ќе му биде доделена на друг актер.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....