Омар Боркан Ал Гала е фотограф, модел и поет и е познат ширум светот. Милиони фанови секојдневно будно ја следат секоја негова објава на социјалните мрежи, посакувајќи го за себе овој ориентален принц.
Овој човек неофицијално ја има добиено титулата „најубавиот и најшармантниот Арап на светот“.
Омар станал популарен кога дошол во Саудиска Арабија од Ирак. Тогаш бил протеран од Саудиска Арабија, бидејќи се сметало дека е премногу убав и секси. Се сметало дека неговата убавина може да полуди многу традиционални жени.
Меѓутоа, овој инцидент го направил Омар многу популарен, па многу фирми го ангажирале како манекен и промотер.
Во последно време, обожавателките не можат да му простат за тоа што е оженет, па уште и со таква жена!
Имено, многумина сметаат дека неговата сопруга е премногу мажествена и грда за да биде венчана со толку убав маж.
Луѓето ширум светот најмногу и’ замеруваат на Јасмин поради тоа што има направено неколку пластични операции и што има нагласени веѓи и усни.
Погледнете ги нејзините фотографии па проценете сами…