19.8 C
Скопје
14:23 - 26 април, 2024

НЕ Е САМО ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША: Овие познати жени од српската естрада биле претепани од своите партнери, а една завршила трагично!

Многу жени на Балканот трпат семејно насилство, а изклучок не се ни јавните личности.

Сите беа шокирани кога дознаа дека Јелена Карлеуша на Божиќ го пријавила сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство. Го пријавила во полиција бидејќи наводно ја плукнал и ѝ удрил шамар во семејниот дом на Дедиње. Наводно, поранешниот фудбалер прво ја плукнал сопругата, а потоа ја удрил со отворена дланка во пределот на лицето, при што таа наводно се здобила со повреда во пределот на лицето на десната страна во вид на рез.

Јелена Карлеуша, инстаграм

Но, ова не е прв и единствен случај на српската естрада за пријавување семејно насилтво или за јавно говорење за насилство од партнер или сопруг. 

Да потсетиме, српската јавност беше потресена од веста и дека Лука Лазукиќ ја претепал Наташа Бреквалац. Имено, Лука физички ја нападнал Наташа само еден месец откако таа се породи. Во тој момент познатата пејачка била во станот со својата дадилка и бебето Катја, ќерката која ја добила од бракот со Лазукиќ.

Наташа Беквалац инстаграм

Во тоа време, многу колеги и даваа поддршка на Наташа, а некои од нив и самите трпеа физичка и психичка тортура во врска или брак, по што решија да проговорат јавно.

Ивана Стаменковиќ Синди, која го загуби старателството над ќерката, до судот доставила фотографии со модринки и лекарски наоди кои потврдуваат дека нејзиниот поранешен сопруг ја претепал.

Ивана Синди, инстаграм

Во документарниот филм „Исповед“, Марија Шерифовиќ ја откри темната страна на своето семејство и отворено проговори за тоа како нејзиниот татко Рајко бил насилен кон нејзината мајка Верица. Самата Верица признала дека често бегала и барала полициска заштита.

Анабела Атијас се разведе од сопругот Гаги Џогани, а по разводот призна дека Гаги со години ја малтретирал. Како што изјавила тогаш, се срамела, но решила да не трпи, па раскинала со танчерот. Во брак добија две ќерки, а денес се во добри односи.

Анабела, инстаграм

Гоца Тржан призна дека трпела насилство од бившиот партнер и истакна дека таквите работи не треба да се премолчуваат.

– Првиот пат кога го направи тоа, не го оставив, но кога се повтори – го направив тоа. Ме удри и ми го прободе тапанчето. Не сакам да се сеќавам на тоа, но добро е да се знае бидејќи такви работи се случуваат и не треба да молчите за нив – изјавила Гоца во една прилика.

Миа Борисављевиќ била претепана од своето поранешно момче по настап во еден белградски клуб. По кратка расправија со него, тој ѝ удрил неколку шлаканици, а таа наместо дома отишла во полиција и го пријавила, своевремно известуваа српските медиуми.

Фитнес инструкторката Ана Марија Жујовиќ била претепана од нејзиното поранешно момче, водителот Влада Станојевиќ. Целата приказна доби епилог на суд. Против Станојевиќ е поднесена тужба, кој токму во тој момент решил да замине во Америка за да го подобри англискиот јазик, а Ана Марија останала во Србија и се уште се надева дека правдата ќе го стигне сторителот.

Ана Марија Жујовиќ, instagram

Се пишуваше дека актерката Мина Лазаревиќ била претепана од сопругот Горан Станиќ.

Ксенија Пајчин заврши трагично. Ја убил нејзиното момче Филип Каписода поради љубомора. Филип потоа се самоуби, пишува српскиот портал „блиц“.

Слични објави

Хана Хуљиќ проговори за љубовта со Петар Грашо и нивната ќерка Алба: Уживам во секој момент

Еспресо

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо
Се вчитува....