11.8 C
Скопје
16:01 - 30 март, 2026

Наташа Беквалац за поранешниот сопруг: „Сообраќајната несреќа остави лузна што ќе ја носам засекогаш“

Фотографијата од матурската прослава на Хана, на која нејзините родители, Наташа Беквалац и Данило Икодиновиќ, позираат заедно, ја воодушеви јавноста.

Иако се разведени веќе 14 години, Хана објави заедничка фотографија со мајка си и татко си, која предизвика многу емоции на социјалните мрежи. По повод матурската вечер, двајцата родители дојдоа да ја поддржат својата ќерка. Насмеани и заедно на исто место – тоа е слика што ретко се гледа по разводот на познатата двојка.

Инаку, Наташа еднаш зборуваше за тешката сообраќајна несреќа што Данило ја доживеа додека беа во брак.

– Несреќата на Данило е дефинитивно нешто што остави трага на моето срце, и со таа лузна ќе умрам. Надворешниот свет за мене во тој период речиси и не постоеше, затоа што Хана ја гледав само еднаш дневно и тоа многу кратко. Речиси три месеци поминав во болница, и сите таму беа толку добри што чувствуваа дека се случува нешто чудесно меѓу двајца луѓе – затоа што никој не би го преживеал тоа. Таа ситуација, иако со многу лоша прогноза, заврши на најдобар можен начин во тој момент. Тоа е чувство што не би посакала никој да го доживее – изјави Наташа.

Таа додаде и дека нивниот брак веќе бил во криза пред несреќата, иако јавноста не знаела.

– Ние веќе имавме сериозни проблеми во бракот за кои никој не беше информиран. Тоа беше момент кога, дури и да не бевме во добри односи, моравме еден на друг да си бидеме поддршка. Никој, па ни јас, не се разведува од некого затоа што е сè убаво и хармонично. Зедницата стана неиздржлива, постоеја грешки и од моја и од негова страна. Не се чувствував осамено, затоа што имав огромна поддршка од луѓето што ме сакаат. Но, кога ќе се подземе цртата, секогаш си сам – дури и кога домот ти е полн. Секогаш сам го избираш својот пат, но и сам одговараш за последиците од своите одлуки.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....