7.8 C
Скопје
06:06 - 20 февруари, 2026

Најпознатиот македонски зурлаџија со нов музички проект – „Разиграна“ (ВИДЕО)

Најпознатиот македонски зурлаџија Џељо Дестановски сними музичко шоу со познати музичари и пејачи, проект во знак на благодарност кон публиката од која ја добива целата поддршка и инспирација изминативе години.

Музичката екипа составена од Влатко Миладиновски, Мите Стоилков, Ферус и Ферчо Мустафови, Џемал Дестановски, Кристијан Тасевски, Орде Неделковски, Ѓоре Најдовски, Никола Станишиќ, Бурхан Јашари, придружувани со оркестар составен од најдобрите македонски музичари и Џељо Дестановски создадоа проект во кој може да уживаат сите генерации и почитувачи на македонскиот народен мелос.

– Целта со овој музички проект ми беше на нашата публика и на сите кои уживаат со звуците на зурлата им подарам нешто убаво за почетокот на новата година, односно проект со многу песни и ора во кој учествуваат мои пријатели и соработници. Благодарам до „Балкан Мјузик Тв“ каде го снимавме проектот  и до „The Studio“ и Горан Мирковски кои придонесоа за квалитетен звук, вели Дестановски .

Минатата 2019 година за Дестановски беше исполнета со многу проекти и новитети за кои вели дека продолжуваат и во новата 2020, како самостојни, така и соработки со многу познати пејачи и музичари.

Во продолжение еве само мал дел од снимениот материјал:

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....