23:50 - 9 јануари, 2026

Најголемите фобии на познатите личности – Кијану Ривс се плаши од темница, Џони Деп се ужаснува од кловнови…

Иако нив ги доживуваме како „совршени“ суштества, кои немаат ниту трошка грижа, познатите личности и тоа како се носат со „своите демони“.

Можеби понекогаш се чинат за бесмислени, но познатите личности не ги кријат своите фобии. Можете ли да поверувате дека познатата Мерлин Монро имала страв од јавен настап?

Страв од темница

Холивудскиот заводник Кијану Ривс има страв од темница. Тука му се придружува и актерката Меган Фокс, која освен од темницата, има страв од хартија. Па така таа при учењето на некое сценарио воопшто не ја ни допира хартијата.

Страв од кловнови

Актерот Џoни Деп страда од коулрофобија – ирационален страв од кловнови, а во една прилика изјави дека тие се „шарлантани кои се нашминкани и маскирани па човек не може да знае што се крие зад нивната психо насмевка“.

Страв од јавен настап

Да, познатата Мерлин Монто ја имала оваа фобија. Освен неа, страв од јавен настап има и актерката и пејачка Барбара Стрејсенд.

Страв од животни

Актерот и ѕвезда на „Самрак“ Роберт Патисон има голем страв од коњи. Како што вели, се плаши коњот да не го згази, додека Никол Кидман се плаши од пеперутки. Џастин Тимберлејк има фобија од змии, додека Скарлет Јохансон се плаши од птици.

Страв од неуредност

Дејвид Бекам сака да биде уреден и секогаш скоцкан. Тој страда од араксофобија, односн страв од неуредност. Во една прилика, фудбалерот сам призна дека полудува кога неговата гардероба во собата не е подредена по боја, големина и количина.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....