04:53 - 9 јуни, 2026

Најчудниот холивудски пар: Рајан Гослинг и Ева Мендез немаат дадилки, не сакаат внимание и никаде не се појавуваат заедно!

Ева Мендез и Рајан Гослинг се запознале во 2011 година на снимањето на филмот „The Place Beyond The Pines“. Парот долго време ја криел врската, а првите гласини стигнале истата година кога биле забележани на состанок во Дизниленд. Тие судбоносното „ДА“ го изговориле во 2016 година во строга тајност, а до денес во јавноста нема искочено ниту една снимка од венчавката, баш како што се дознало и дека Ева го носи нивното прво дури кога актерката била во седмиот месец од бременоста.

инстаграм

Исто така и втората бременост, актерката успеала да ја сокрие долго време, а поради Рајан и нивните две ќерки Амада и Есмералда, актерката се откажала од холивудската кариера.

инстаграм

Всушност, парот нема дадилки и за своите деца се грижат исклучиво тие, односно пред се Ева, која се посвети на дизајнирањето облека и некои други проекти кои не вклучуваат повеќемесечно одвојување од семејството поради снимање на различни светски локации.

инстаграм

Парот во сите 9 заеднички години, на црвениот тепих се има појавено само неколку пати и тоа за време на промовирањето на филмот кој ги споил, а во јавноста доста ретко може да се забележат кога се заедно. Токму затоа, кога минатата сабота папараците ги забележале на семејно возење према дома, било јасно дека фотографиите ќе предизвикаат големо внимание.

инстаграм

Вниманието го привлекло и намуртеното лице на Рајан, но можеби тоа бил обидејќи ги забележал фотографите кои не ги поднесува. Парот претходно поминал време со уште неколку членови на семејството, а изгледа дека станува збор за некаква прослава, бидејќи биле забележани подароци. Актерката сепак во потполност не ја отфрлила можноста за враќање во Холивуд, но истакнала дека за сега не сака да ги остави своите девојчиња сами. „Откако ќе заспијат децата, време е за чистење и перење, но и припремање за храната за наредниот ден. Се чувствувам како да водам хотел“, напишала Ева на својот Инстаграм.

Слични објави

„Бевме две и пол години во врска, нè викаа убавицата и ѕверот“ – Светлана Црнокрак откри детали за врската со Благоја Грујовски

Еспресо

Се огласи семејството на Мина Костиќ, ова се најновите детали за состојбата на пејачката 

Еспресо

„Голем е притисокот во оваа работа, ќе почнам да одам на психотерапија“: Српска пејачка проговори за случувањата на естрадата и менталното здравје

Е.А.

Николија првпат проговори за наводната афера на Реља и Анита Станојловиќ

Еспресо

(Видео) Јелена Розга никогаш не сме ја виделе ваква, носи стајлинг кој не излегува од мода

Еспресо

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни: Вагите ги очекува напредок во кариерата, Рибите романтична недела

Т.Ц.
Се вчитува....