Кристина Агилера (38) во деведесетите години беше на врвот од својата кариера. Својата пејачка кариера ја започна откако таа беше прогласена за „глас на генерацијата“.
За време на нејзината кариера ја споредуваа со Бритни Спирс и секогаш постоеше „тивко натпреварување“ помеѓу нив две. Се повлече од сцената за да се посвети на мајчинството и никогаш потоа не можеше да ја врати старата слава.
Скоро се појави на премиерата на филмот „Семејството Адамс“, за кој сними сингл со наслов „Haunted Heart“, а фановите беа шокирани од нејзиниот потполно уништен изглед.
– Претерала со ботокс навистина – беше еден од коментарите на социјалните мрежи.
– Толку го испеглала лицето, веќе не може и да се насмее – гласеше вториот коментар.
– Што и се случило – прашала една девојка.
Исто така таа неодамна настапуваше и на еден концерт каде во прв план беа нејзините огромни нозе. Кристина во своите дваесетти години беше слаба и поради тоа многумина се запрашаа што се случило со неа…
View this post on Instagram
#LikeIDo feat. @GoldLink OUT NOW [Link is in the bio….] #Liberation
– Никогаш не би сакала да се вратам во она време кога имав дваесет години. Тогаш се чуствувам многу несигурно – рекла Кристина во своја одбрана.
– Сега имам многу поголема самодоверба и свесна сум за себе. Поминав преку многу работи и сега се чуствувам одлично. Задоволна сум со своето „ново тело“ – вратила таа на негативните коментари.