18:37 - 7 ноември, 2026

На Инстаграм е хаос поради оваа фотографија: Дејвид Бекам повторно ја бакнува ќерката Харпер во уста!

Тоа е фотографија од нејзиниот сопруг, пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам како ја бакнува во уста нивната 9-годишна ќерка Харпер Севен.

Ова навистина не беше прв пат да споделат вакво нешто на социјалните мрежи и очигледно е прифатливо за нив како семејство и родители.

Но, тоа не е прифатливо за сите затоа што голем дел од следбениците на Викторија беа згрозени од фотографијата, додека други заклучија дека на фотографијата нема ништо спорно и дека таа фотографија ги воодушевила.

„Прекрасно. Јас имам 35 години и го бакнував татко ми во устата сѐ до минатата недела кога почина по сериозно заболување“, „Има премногу фотографии на кои овој лик ја бакнува својата ќерка во устата. Почнувам да се чувствувам непријатно кога ќе го видам тоа. Има образи, почни да ја бакнуваш и во нив“, „ Зошто родителите ги бакнуваат децата во уста? Мислам дека тоа е одраз на непочитување кон нив“, „Никогаш нема да разберам зошто ја бакнуваш така. Сакај ја својата жена, остави Харпер Севен да има такви искуства кога ќе биде доволно стара“, „Ова е една од најубавите фотографии. Нека се срами секој што тврди дека не е во ред“, „Јас секогаш го бакнувам својот син во уста, ако не се согласуваш со тоа, тоа е твој проблем“, „Прекрасна фотографија, нема ништо лошо во ова“, „Mојата ќерка има 16 години и ме бакнува во уста секој ден пред училиште. Не дозволувај луѓето да ве советуваат како треба вие да го живеете вашиот живот“, беа само некои од поделените мислења и коментари под фотографијата.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....