20.8 C
Скопје
16:39 - 24 октомври, 2026

На 48 години има половина од 62 сантиметри — Јелена Розга ја откри својата тајна

Пејачката Јелена Розга со години привлекува внимание со својот изглед, а неодамна откри дека и денес има обем на струкот од само 62 сантиметри. Како што вели самата, овој факт понекогаш ѝ создава проблеми при купувањето облека.

„И понатаму имам струк од 62 сантиметри. Тoa некогаш и ме нервира кога купувам панталони, бидејќи често ми се широки во струкот, па морам да ги стеснувам. Луѓето обично ми велат дека треба да бидам среќна поради тоа, а јас им одговарам дека тоа сепак е најмалиот проблем. Би сакала сите проблеми да бидат такви“, раскажа Розга.

Зборувајќи за навиките кои ѝ помагаат да ја одржи витката линија и доброто здравје, пејачката нагласи дека голема улога имаат генетиката, правилната исхрана, но и доволното количество одмор.

„Генетиката пред сè, сите мои се слаби, но и јас водам сметка за себе. Не јадам нездрава храна, не пијам алкохол и многу се одмарам. Така живеам цел живот, тоа не е ништо ново за мене. На исхраната внимавам првенствено поради здравјето“, изјави Јелена Розга.

Нејзините зборови уште еднаш покажаа дека зад добриот изглед, освен генетиката, стојат и долгогодишни животни навики до кои таа доследно се придржува.

Слични објави

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.
Се вчитува....