24.8 C
Скопје
15:08 - 4 октомври, 2026

Пропадна бизнисот на Војаж — „Беше навистина климаво, ја завршивме работата во минус“

Познатиот српски репер Михајло Веруовиќ – Војаж имаше приватен бизнис со ледени чаеви кој, според тврдењата на инфлуенсерот Лука Бојовиќ – Лукс, целосно пропаднал. Лукс, кој своевремено беше задолжен за маркетингот на производите на Војаж на Балканот, за време на едно вклучување во живо на ТикТок ги откри деталите од соработката и ја шокираше јавноста.

„Го работевме ледениот чај за Војаж, но ајде, ние не бевме сопственици на брендот, туку тоа беше една австриска фирма. Ние бевме застапници за Балканот и беше навистина климаво. На крајот, ја завршивме работата во минус“, откри Лука Бојовиќ.

Брендот за ледени чаеви всушност бил во сопственост на австриска компанија, додека Војаж и неговите соработници биле само застапници за пазарот на Балканот.

Војаж беше на мета на критики поради Бресквица

За потсетување, во времето кога ги лансираше своите ледени чаеви, Војаж се најде на мета на жестоки критики. Многумина го обвинуваа дека прави маркетинг преку својата поранешна партнерка Анџела Игњатовиќ – Бресквица, со оглед на тоа што еден од главните вкусови на чајот беше токму со вкус на праска (срп. breskva).

Реперот тогаш се огласи и ги демантираше овие наводи:

„Тоа нема никаква врска со реалноста! Не правам јас маркетинг преку неа, ова е на моја сметка, а не на нејзина. Вкусот на праска е едноставно најкомерцијалниот вкус за ледени чаеви и би било глупаво да не го направиме најпродаваниот вкус“, изјави тогаш Војаж.

Слични објави

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

Да се потсетиме на „Кажи нешто, драга“ – песната која ја овековечи Драган Мијалковски и стана еден од најубавите македонски евергрини

Т.Ц.

(Видео) Поранешниот на Џејла Рамовиќ во прегратка со Милица Павловиќ во Љубљана! Не се одвојувале еден од друг

Еспресо

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Гоца Тржан искрено за семејството: „Се надевам дека наскоро ќе станам баба“

Еспресо
Се вчитува....