14:13 - 23 јуни, 2026

Маријана се врати од Австралија, Росана сподели убави вести за неа

Маријана Новачевска од Австралија се врати во Македонија, а нејзината сестра близначка, Росана Сариќ-Тодоровска објави убава вест со убав повод за неа.

Еден од најпрепознатливите и најомилени музички тандеми во историјата на македонската забавна музика, сестрите Маријана и Росана, повторно ќе ги здружат своите гласови. По тригодишна пауза, Маријана пристигна во Македонија од Австралија, каде што живее повеќе од 30 години. Култните сестри подготвуваат ексклузивен евергрин настап како гости на популарното дуо Дац и Александар.
Настанот со симболична порака „Сега па којзнае кога пак!“ кој Росана го сподели на Инстаграм, ќе се одржи на 30 јуни од 21 часот, во „Трибека парк“ во Скопје. Маријана по три години е дојдена во Македонија на одмор, да се види со семејството.

Фото: Скриншот/Инстаграм

На истото место, Маријана и Росана пееја пре три години, заедно со Дац и Александар. Дуото музички активно не функционира долго време, но оние кои ги слушнаа како пеат тогаш, сигурно ќе кажат дека Маријана и Росана како никогаш да не направиле пауза од заедничкото пеење. Енергични, расположени, со онаа нивна карактеристична топлина во гласовите, Маријана и Росана на најубав можен начин нѐ вратија во едни побезгрижни времиња.

Александар Митевски и Драган Спасов – Дац се „виновници“ за ова нивно сценско обединување.

Росана веќе неколку години соработува и повремено пее со познатото дуо, но тогаш за првпат, им гостуваше со својата сестра Маријана.

Откако ја испеа првата песна, Маријана низ насмевка кажа пред публиката: „Добро е, издржав“.

Публилката во еден глас, со двете дуа ги пееше „Признавам“, „Едно срце“ и други нивни хитови.

На јубилејниот 40. „Макфест“ лани во октомври во Штип, Маријана за првпат без нејзината сестра Маријана ја испеа легендарната песна „Признавам“ во нова верзија.

Росана се расплака на сцената, но рече дека од Маријана добила благослов да сними нова верзија на оваа песна.

Слични објави

(Видео) Теодора Џехверовиќ на удар на критики — српската пејчка повторно копира светски ѕвезди?

Еспресо

На 48 години има половина од 62 сантиметри — Јелена Розга ја откри својата тајна

Е.А.

Пропадна бизнисот на Војаж — „Беше навистина климаво, ја завршивме работата во минус“

Е.А.

Провокативно издание на ќерката на Чола — ја крена ногата, а долу…

Е.А.

(Фото) Елена Ристеска со емотивна честитка за 45. роденден на сестра ѝ Драгица: „Горда сум на тебе за сите животни победи“

Еспресо

Македонец триумфираше во „Никогаш не е доцна“ — Виктор Димитриевски ја освои публиката и победничката титула

Еспресо
Се вчитува....