4.8 C
Скопје
17:58 - 18 декември, 2024

МРАЧНАТА СТРАНА НА ИЛОН МАСК: Поранешната сопругата Џастин со потресна изјава

елон илон маск

Милијардерот Илон Маск(50) неодамна се раздели со пејачката Грајмс(33) по три години, а приказната на неговата прва сопруга Џастин (49), која го шокираше светот, повторно излезе на виделина.

Веста беше објавена од страна на „Пејџ Сикс“, со потврда од Илон дека е вистина. Тој рече дека останале во добри односи и дека заедно ќе се грижат за својот едногодишен син со многу необично име X Æ A-Xii.

Илон Маск и Грајмс се разделуваат по тригодишна врска

Да потсетиме, Маск има 17-годишни близнаци Грифин и Хавиер и 15-годишниот Дамјан, Саксон и Каи со неговата поранешна сопруга, канадската писателка Џастин Маск.

Поранешниот пар имаше и син, Невада, кој почина во 2002 година во 10-та недела од својот живот од синдром на ненадејна смрт. И не е изненадувачки што Маск, од угледен милијардер, стана контроверзна медиумска фигура, вели исповедта на неговата прва сопруга Џастин. Иако станува збор за изјава стара 11 години, таа повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста.

Имено, во списанието „Мери Клер“, поранешната госпоѓа Маск објави шокантна исповед за темната страна на животот со богатиот претприемач.

„Кон крајот на пролетта во 2008 година, мојот сопруг Илон Маск поднесе барање за развод по осум години брак и пет деца. Шест недели подоцна, тој ми испрати порака дека се верил со убавата британска актерка Тулула Рајли, која е во раните дваесетти години и која се пресели во Лос Анџелес поради него. Тогаш помислив дека мојот живот со тој човек се претвори во клише“, откри тогаш Џастин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BiographON (@realbiographon)

Таа додаде дека таа е неговата „почетна сопруга“ објаснувајќи што сака да каже со тоа. Имено, тие се запознале додека Илон сè уште бил студент, а таа ги поминала сите негови подеми и падови, за тој на крајот да ја замени со „нов модел“. Таа, исто така, напиша дека поради договорот, кој го потпишала два месеци по венчавката, останала без ништо што го стекнала во брак.

„Ми рече дека треба да одиме кај адвокат кој ќе ни помогне со финансискиот договор на кој инсистира неговата компанија. Кога го погледнав зачудено, тој рече дека тоа не е предбрачен договор“, откри Џастин.

Но, тоа било апсолутно таков договор. Таа го потпишала во незнаење, и со потпишување се откажала од правата што ѝ припаѓаат како законска сопруга. Таа добила само семејна вила во Лос Анџелес што нејзините деца ќе ја наследат. Покрај тоа, таа потпишала дека ништо што тие го кажале за време на бракот, како и какви било сцени, не треба да се споменува во судските постапки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elon Musk Now (@elonrmuskk)

„Потпишав затоа што слепо му верував. Зошто брак ако не му верувам? Бевме сродни души. Верував дека никогаш нема да се разделиме. За мене животот без него беше незамислив“, додаде таа.

Со текот на годините, таа станала несреќна жена бидејќи Илон престанал да биде човекот во кој се заљубила. Со растот на богатството, тој барал многу од неа. Ја натерал да стане „трофејна русокоса“ – да ја осветли косата, да посвети повеќе време на нејзиниот изглед и да се смее шармантно.

Слични објави

Владо Јаневски го презакажа концертот во Скопје поради здравствени причини

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо
Се вчитува....