10:09 - 30 јануари, 2026

НИКИ МИНАЖ ОБВИНЕТА ЗА АНТИВАКСЕРСТВО: Раперката ја шокираше јавноста со својата приказна

ники минаж

Обожавателите на раперката Ники Минаж ја молат да престане да шири паника за вакцината против ковид-19, откако на „Твитер“ објави приказна за тоа дека некој во Тринидад доживеал невообичаени и прилично лоши несакани ефекти.

„Мојот братучед во Тринидад нема да ја прими вакцината затоа што негови пријател ја примил и станал импотентен. Му отекле тестисите… Неговиот пријател требаше да се ожени неколку недели после тоа, но девојката сега ја откажа свадбата. Затоа, молете се за тоа и обидете се да бидете сигурни во одлуката, а не да ве малтретираат“, напиша Минаж на својот твитер-профил..

Нејзината објава привлече големо внимание, а многу новинари се прашуваа дали на Минаж ѝ следува некаква санкција од „Твитер“ или дали ќе биде цензурирана оваа објава поради „медицински дезинформации“ што платформите на социјалните медиуми ги забрануваат во согласност со одлуката на Белата куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj)

Некои обожаватели на пејачката исто така беа вознемирени, а еден дури ја замоли да се „образува на оваа тема“, бидејќи „индивидуалните случаи не треба да се користат за да се одрече вакцината“. Обожавателот додаде: „Погледнете ги истражувањата. Вакцините се многу ефикасни. Тоа е факт. Ова не е мислење“.

Други пак, шпекулираа дека пријателот на нејзиниот братучед имал рак на тестисите или наместо тоа страдал од некоја сексуално пренослива болест, и дека не можел да има таква реакција на која било вакцина за ковид-19 што ја примил.

Самата Минаж вели дека не е против вакцинација

Сигурна сум дека и јас ќе се вакцинирам затоа што морам да одам на турнеја итн.“, рече Минаж обраќајќи се на еден нејзин обожавател.

„Многу земји нема да дозволат луѓето да работат без вакцина. Дефинитивно би препорачала да се вакцинираат. Мораат да ги хранат своите семејства“, додаде Минаж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@nickiminaj)

На обожавателот кој коментираше дека ја примил вакцината и дека не се заразил од вирусот, раперката му одговори: „Тоа е неверојатно душо. Ова е норма“.

„Зошто не го кажа тоа веднаш?“, ја праша некој, на што Минаж одговори: „Затоа што кажувам што сакам, кога сакам, како сакам. Интернетот не ме плаши“.

Слични објави

(Фото) Безобразно позира: Ѓина Џиновиќ во тесен фустан со прорез ги истакна бујните атрибути

Еспресо

(Фото) Ела Дворник направи драстична промена на изгледот предизвика лавина реакции, се огласи и Северина

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 јануари: Ослободете се од грижите

apostolova

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо
Се вчитува....