5.8 C
Скопје
03:54 - 3 октомври, 2026

Волшебните DEAD CAN DANCE конечно со концерт во Скопје!

dead can dance

Волшебните DEAD CAN DANCE конечно пристигнуваат во Скопје! Македонската публика за првпат ќе има прилика да ужива во безвременскиот и магичен звук на култниот и единствен светски музички феномен Dead Can Dance (Дед Кен Денс) кој следната пролет, во рамки на Таксират Фестивал ќе одржи два концерта, на 23 и 24 мај во Македонскиот народен театар.

Лиза Џерард, еден од најубавите светски вокали на современата музика и музичкиот гениј Брендан Пери, веќе 4 децении на музичките вљубеници им го пренесуваат својот длабок уметнички интегритет. Tворејќи музика која уште од оформувањето во 1981 година во Мелбурн, успешно се оттргнува од прангите на жанровите, просторот и времето, тие се потпишуваат зад неверојатен опус инспириран од звуците на Европа, Блискиот исток, Азија, северна Африка, Медитеранот и пошироко.

Фото: Промо

Зад себе имаат осум студиски и три албуми во живо, и многу успешни светски кариери. Славни се и како композитори на музика за бројни филмови, меѓу кои најпозната е музиката за „Гладијатор“ на Ридли Скот. Лиза Џерард и Брендан Пери имаа и прекини во заедничкото работење, во кој период тие успешно ги градеа соло кариерите, а шест години по албумот „Anastasis“, повторно се вратија на заедничкото творење во 2018 година со албумот „Dionysus“.

Својот магичен звук и перформанс Dead Can Dance ќе го споделат конечно и со македонската публика и тоа на два концерта во Скопје кои се организирани во рамки на програмата за ТАКСИРАТ Фестивал 2022, а ќе се одржат следната пролет на 23 и 24 мај во МНТ.

Слични објави

Емина Јаховиќ за денешното време и променетите вредности: „Некогаш браковите беа свети, денес не се знае кој пие, а кој плаќа“

Еспресо

Познато што ќе биде со родната куќа на Тома Здравковиќ: Речиси ќе се срушеше

Еспресо

Сања Маринковиќ ѝ одржа лекција на Весна Ѓогани: Не е секое внимание добро, треба малку и отменост

Еспресо

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ модно усогласени – тој во брендирана тренерка, а таа со крзно околу вратот

Еспресо

Душко Тошиќ пристигна во Милано – Јелена Карлеуша престојува таму со 25 години помладиот дечко и ќерките

Еспресо

Се огласи Џина Џиновиќ откако ѝ го уапсија поранешното момче — сподели порака на Инстаграм

К.С.
Се вчитува....