17:02 - 22 јули, 2026

Мина Костиќ се враќа посилна од кога било – најави нови песни, вели дека Каспер ѝ е најголема поддршка

По тежок животен период и повлекување од јавноста, српската пејачка Мина Костиќ најави враќање на музичката сцена. Во првото заедничко интервју со својот партнер Каспер (Мане Ќурувија), таа откри дека се чувствува подобро од кога било и дека веќе работи на нов музички проект.

Костиќ изјави дека во моментов ги подготвува новите песни, чиј автор е Каспер, и дека публиката наскоро ќе слушне комбинација од балади и побрзи нумери.

„Одлично сум, никогаш не сум била подобро. Подготвувам нови песни што Каспер ги направи за мене. Ќе има и балади и побрзи песни. Верувам дека публиката ќе биде задоволна“, рече пејачката.

Каспер откри дека веќе завршиле тринаесет песни и дека целосно се посветени на новиот албум.

„Работиме на нови песни. Завршивме дури тринаесет нови нумери што ги напишав за Мина. Верувам дека секоја жена ќе се пронајде во тие текстови“, изјави тој.

Пејачката се осврна и на написите што во изминатиот период се појавуваа за нејзиниот приватен живот, нагласувајќи дека голем дел од нив биле невистинити.

„Сè што излегуваше и што прочитав беше куп глупости. Посебно ме погодија грдите приказни за Каспер. Тоа беше недозволиво“, изјави Костиќ.

Таа истакна дека токму партнерот бил нејзиниот најголем ослонец во најтешките моменти.

„Каспер е навистина најпрекрасниот човек и секогаш е покрај мене. Ме видел и во најубавите и во најтешките моменти. Кога ќе ги слушнете новите песни, ќе ви биде јасно колку сето тоа е вистина“, рече пејачката.

И Каспер порача дека најважно му е Мина секогаш да ја чувствува неговата поддршка, без разлика каде се наоѓа.

„Секогаш сум тука. И кога не сум физички покрај Мина, јас сум со неа. Најважно е таа да знае дека во мене секогаш ја има најголемата поддршка“, изјави тој.

Слични објави

Инцидент во Загреб — Алка Вуица вербално нападната на протест, ѝ викале дека е лицемерка

Е.А.

Десингерица: Марија Шерифовиќ има тешки комплекси, а Евровизија е бесмислен натпревар

Е.А.

(Фото) Најуникатните трпезариски и клуб маси по најпристапна цена ќе ги најдете во Wood room во ГТЦ

Еспресо

Дарко Лазиќ се огласи по скандалот кој предизвика лавина негативни реакции на социјалните мрежи

Е.А.

(Фото) Прво лето како родители — Дејан Манасков и Билјана со синчето Давид уживаат на семеен одмор во Грција

Еспресо

(Фото) Моден двобој — Карлеуша и Џенифер Лопез во ист „Долче и Габана“ комплет вреден околу 2.100 евра

Еспресо
Се вчитува....