27.8 C
Скопје
14:52 - 21 септември, 2026

Инцидент во Загреб — Алка Вуица вербално нападната на протест, ѝ викале дека е лицемерка

Познатата хрватска пејачка Алка Вуица се најде во центарот на скандал за време на еден протест во Загреб, кога непознат маж вербално ја нападна и ја обвини за лицемерност, а повод за расправијата биле нејзините приватни градежни работи.

За време на протестот за зачувување на зеленилото, еден од револтираните учесници луто ѝ довикнал:

„Како не ви е срам? На вашата парцела изградивте базен наместо градина, а сега тука заговарате зеленило“.

Кога пејачката го замоли да се претстави и да објасни зошто ја напаѓа, тој одби и иронично додаде дека таа е лицемерна и дека според нејзината логика тогаш сите би можеле да градат што сакаат.

Алка Вуица веднаш ги демантираше обвинувањата, истакнувајќи дека за сите градежни зафати на својот имот поседува уредни дозволи издадени од месната заедница и од Градот Загреб, додавајќи дека ваков непријатен инцидент никогаш во животот нема доживеано.

Инаку, ова е вторпат за кратко време пејачката да биде во фокусот на медиумите, откако неодамна изрази голем револт и поради повеќечасовното чекање на граничните премини поради новите правила во Европската Унија, кога емотивно порача дека во некогашна Југославија барем се знаело за ред, работа и дисциплина.

Слични објави

(Видео) Катарина Лазиќ запеа и го изненади Дарко со својот глас

Еспресо

(Фото) Ќерката на Карлеуша ужива во луксузот во Дубаи, покажа како поминува време на јахта

Еспресо

Сузана Јовановиќ откри што се случило со имотот и милионски возен парк на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Мал шармер и горда мајка – сопругата на Милош Биковиќ и синот Василиј модно усогласени

Еспресо

(Фото) Додека сите зборуваат за мажот со кој отпатува, Маја Шупут ги покажа првите моменти од Лондон

Еспресо

Колку точно километри треба да пешачите за да ослабете и како да го забрзате согорувањето калории

Т.Ц.
Се вчитува....