4.8 C
Скопје
22:44 - 12 март, 2026

МЕЛАНИЈА ТРАМП: Доста со политика, време е за семејството!

Неколку извори потврдија дека Меланија Трамп нема намера да се врати во Белата куќа, сега нејзиниот приоритет е семејството

Некои извори открија дека Меланија Трамп сака да го напушти Вашингтон и „не е заинтересирана“ да се врати. „Меланија не сака да биде во очите на јавноста и јасно стави до знаење дека не е заинтересирана да го стори тоа повторно“, рече извор од светот на политиката, повторувајќи ги претходните написи на „Пипл“ и други медиуми.

Меланија Трамп е запаметена како најдискретна прва дама досега.

„Таа го сака своето семејство и нејзиниот приватен живот“, додаде изворот, „постојаното внимание на медиумите не е за неа“. Нејзината воздржаност долго време ја поттикнува љубопитноста за тоа како се чувствувала кога била во Белата куќа. Во аудио снимено тајно минатата година и објавено од нејзин поранешен соработник, тогашната прва дама објаснува дека се чувствува заробена од церемонијалните обврски, но и од контроверзната имигрантска политика на нејзиниот сопруг.

Од видеото може да се слушне како вели: „Кој се грижи за божиќните работи и украси? Но, морам јас тоа да го направам, нели?“.

Како што неодамна изјави извор за „Пипл“, на Меланија ѝ олеснило кога престанал мандатот на нејзиниот сопруг. Сопругата на поранешниот претседател Доналд Трамп не сака да биде вклучена на билокој начин во предизборната кампања доколку нејзиниот сопруг избере да се кандидира за функцијата во 2024 година.

Нејзиниот приоритет сега е синот -тинејџер Барон, кој штотуку започнал да оди на Академијата Оксбриџ во Вест Палм Бич, основана од милијардерот бизнисмен од Флорида, Бил Кох, кој финансиски придонесе во минатите кампањи на Трамп.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....