6.8 C
Скопје
08:00 - 31 март, 2026

Марго Роби ја продава луксузната куќа во Беверли Хилс – Ѕирнете во домот од бајките на најплатената актерка во Холивуд!

Домот зрачи со елеганција и е опкружен со зеленило кое нуди прекрасен поглед…

Австралиската актерка Марго Роби (30) ѕвездата од холивудските филмови „Волкот од Волстрит“, „Јас, Тоња“ и „Си беше еднаш во Холивуд“, ја продава својата куќа во Беверли Хилс за 1.175 милиони долари.

Актерката која со вкупно 19 филмски ангажмани за само пет години, службено ја носи титулата за најангажираната актерка во Холивуд оваа раскошна вила ја купила во 2018 година по номинацијата за Оскар во филмот „Јас, Тоња“.

Фото: Профимедиа

Домот тогаш го купила со сопругот Том Акерли со кој е во четиригодишен брак. Куќата ја краси прекрасниот ентериер, а во просториите доминира белата боја.

Фото: Профимедиа

Убавата актерка направила и детално преуредување на домот, кој е богат и со земјиште околу куќата.

Подот е од темно дрво, а модерно уредената кујна во бела боја е идеална за сите љубители на модерната архитектура.

Фото: Профимедиа

Француските прозорци во спалната соба му даваат на просторот доволна количина на светлина, а куќата со многу тераси ви нуди неверојатен поглед на Лос Анџелес.

Фото: Профимедиа

Прекрасниот двор со многу зеленило е рај за душата и одморот, но и за дружење со пријателите.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....