14:58 - 13 ноември, 2026

Поради пораката што ја добил доктор Кон експлодираа социјалните мрежи: Клечејќи ве молам…

Доктор Кон стана синоним за Кризниот штаб во Србија, и покрај тоа што покрај него во кризниот штаб се уште најмалку 50-тина луѓе. Затоа и не чуди што граѓаните на Србија токму нему му се обраќаат за некако да го убедат да ги ублажи рестриктивните мерки.

Најнов пример е момчето, очигледно страстен навивач на Црвена звезда, кој му пратил порака на доктор Кон во кој го моли да дозволи присуство на публика на стадионот, кога во Белград во февруари ќе гостува Милан заедно со познатиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, пренесува Noizz.rs.

принтскрин

„Докторе, ви се јавувам клечејќи на нозете за да доволите публика на натпреварот Црвена звезда – Милан бидејќи во спротивно би ги срушиле соништата на целиот Балкан во живо да го водат Златан Ибрахимовиќ и дуелот на моментно двата најсилни европски клубови. Однапред ви благодарам и се надевам дека разбирате дека сме подготвени да ги ризикуваме нашите и животите на нашите најблиски поради овој натпревар“, стои во пораката што ја добил доктор Кон и која ја споделил на неговиот фејсбук-профил.

Сликата и пораката веднаш станаа вирални и на многумина не им се верува што читаат. Едни се смејат на овој апел, а други не можат да веруваат дека некој би прифатил да си го загрози животот поради фудбалски натпревар.

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....